„Го обожавам HUAWEI WATCH 3 - ме тера да бидам активен, си го слушам телото и поенергичен сум од кога било“


„Го обожавам HUAWEI WATCH 3 - ме тера да бидам активен, си го слушам телото и поенергичен сум од кога било“

„Далеку од тоа дека не ми е предизвик да бидам најдобар на полето на кое работам. Далеку од тоа дека не сметам дека ова ми се најпродуктивните години во животот и години кога имам доволно енергија за да изградам, постигнам и достигнам нешто. Но, сепак се години во кои не сакам да платам превисока цена за амбициозноста – ништо по цена на здравјето, а HUAWEI WATCH 3 можам слободно да кажам дека стана најдобар пријател на моето здравје“.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-01.jpg

Признавам виновен! Немам време, апсолутно за ништо. Влезен сум во некојa битка на докажување со сам себе каде работата ми го диктира животниот ритам и ми доминира во секојдневието. Чувствувам ме разбираш што ти раскажувам, зарем не? Некако сите сме во трка да успееме, но едновремено и на раб да прегориме.

Јас, искрено игнорирам луѓе, игнорирам мигови, игнорирам работи кои откако ќе се скршат тешко е да бидат поправени и сето тоа по цена на работата. Да, да и здравјето го ставам во овој кош на работи кои ги запоставувам.

Далеку од тоа дека не ми е предизвик да бидам најдобар на полето на кое работам. Далеку од тоа дека не сметам дека ова ми се најпродуктивните години во животот и години кога имам доволно енергија за да изградам, постигнам и достигнам нешто. Но, сепак се години во кои не сакам да платам превисока цена за амбициозноста – ништо по цена на здравјето.

Токму затоа си го купив новиот HUAWEI WATCH 3 гаџет кој направи подобро од кога било да го запознаам своето тело и повнимателно од кога било да го слушам своето тело.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-02.jpg

Од тоа колку време и колку квалитетно спијам до колку сум физички активен и како ми реагира срцето кога ќе се изложам на поголем притисок, можам слободно да кажам дека дека сега имам детален увид во сите параметри кои за мене живот значат и дека часовникот HUAWEI WATCH 3 е најдобрата инвестиција што сум ја направил во последно време.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-03.jpg

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-02.jpg

Интересно е што откако го имам ми се подобрија перформансите и на работното место, изгледа ми помогна да не се доведувам до граници на исцрпеност, да сум свесен кога телото ми испраќа црвен сигнал и да си дадам време да одморам, а со соодветното дозирање на обврските да работам најпродуктивно до сега, односно да не минувам прекувремени работни часови, а продуктивноста да ми е нула.

Исто така физичката активност ми стана издувен вентил за психичката преоптовареност. Плус, се натпреварувам со сопругата на тема кој има повеќе направени чекори на дневна база и што уште не.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-04.jpg

Ја користам моќта на паметните податоци за да ми помогне во следењето на моето здравје и фитнес. Сето ова, го зачувувам на HUAWEI Health App, и лесно го гледам својот напредок. Ги следам дневните и неделните записи за бројот на чекори, периоди на активност, потрошени калории, квалитет на сон, нивоа на стрес и многу повеќе.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-09.jpg

Мора да го споменам и дизајнот. Часовникот изгледа одлично, доволно голем за да ми биде практичен при ракувањето со него, но од друга страна и не премасивен за да ми пречи во секојдневното функционирање. За спортските изданија ми е вистински моден погодок, но совршено ми прилега и со деловниот стил кој го практикувам на работното место.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-05.jpg

Кружниот финиш и заоблениот екран на HUAWEI WATCH 3 со рамката од титаниум и стаклото од сафир, ми дава изглед совршен за секоја секунда од денот, а тука, се разбира, е и големиот, ултра-живописен AMOLED дисплеј од 1,43".

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-10.jpg

Апликациите на часовникот се организирани на јасен, едноставен за навигација, мрежен екран, а интеракцијата со секоја апликација е сосема лесна и беспрекорна.

Часовникот е опремен со архитектура со двоен чипсет, па не само што ја подобруваат моќноста на перформансите, туку и постигнуваат побалансирана обработка. Во комбинација со Smart Power-Saving Algorithm 3.0, добивам траење на батеријата што може да поддржува 24/7 следење на здравјето и фитнес. Со HUAWEI WATCH 3, можам да уживам во 3-дневна употреба на типичното сценарио за паметен режим, и неверојатна 14-дневна употреба на ултра долг режим на траење на батеријата.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-08.jpg

Го користам и детекторот за температура на кожата на HUAWEI WATCH 3, и веднаш знам дали температурата ми е висока. Во време на пандемија навистина е важно да се внимава на здравјето.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-01.jpg

Ја следам и сатурацијата на кислород во крвта, односно SpO2 преку TruSeenTM 4.5+, кој користи напредна светлосна технологија за прецизно откривање на молекули на кислород во крвта, дури и во услови на ниска температура и висока надморска височина. И со помала потрошувачка на енергија на TruSeenTM 4.5+ можам да ги следите нивоата на кислород во крвта околу часовникот.

Неодамна надградената технологија за следење на срцевиот ритам, TruSeenTM 4.5, на HUAWEI, се карактеризира со 6-во-1 LED и 4 фотодиоди за повеќе светлина. Објективот од сафир овозможува подобра пенетрација на светлината, помала изведба на напојувањето и поудобно искуство при носење. Плус, напредните алгоритми обезбедуваат попрецизно следење на срцевиот ритам.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-07.jpg

HUAWEI WATCH 3 прави да се чувствувам сигурно затоа што има безбедносен план. Доколку открие пад, веднаш се префрлува во режим на итни случаи и го предупредува мојот назначен контакт. Алтернативно, со притискање 5 пати на копчето за насока Горе веднаш испраќам повик до службите за итна помош.

Да се вратам на физичката активност - на раката имам фитнес тракер со целосна функција на мојот зглоб. Добивам повеќе од 100 режими за вежбање - 19 режими за професионалци, за спортови на отворено и затворено, и 85 сопствени режими, со автоматско откривање вежби за 6-те најчести типови тренинг, а уживам и во супериорното следење на рутите на отворено со мултимодниот сензор за локација GNSS.

Screenshot_4.png

Користејќи eSIM технологија9, HUAWEI WATCH 3 функционира и како независен комуникациски уред. Воспоставува повици, а можам да пуштам и музика и да преземам апликации без да бидам поврзан со мојот телефон. Одлична е и опцијата со која можам да ја контролирам музиката на мојот телефон со HUAWEI WATCH 3 и да ги синхронизирам плејлистите на телефонот со звучниците.

go-obozhavam-huawei-watch-3-me-tera-da-bidam-aktiven-si-go-slusham-teloto-i-poenergichen-sum-od-koga-bilo-11.jpg

Со неколку едноставни гестови со рацете, ја имам и саканата контрола над дојдовните повици. Стискам тупаница и ја ослободувам за да се јавам или го вртам зглобот настрана за да го исклучам повикот..

Инаку, омилена опција на сопругата ѝ е Remote Shutter. Со мојот HUAWEI WATCH 3 ја контролирам камерата на мојот телефон и ја користам круната за зумирање и одзумирање, за одличен кадар, без никој да биде изоставен од фотографиите.

HUAWEI WATCH 3 ме научи како да го слушам своето тело, да бидам физички поактивен, да водам поквалитетен начин на живот и здравјето да ми биде приоритет... Ете затоа го обожавам!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Искрена љубов базирана на доверба и квалитет - мојот омилен пријател и соработник HUAWEI MateBook X ... Сакале или не, новата реалност е овде и тука, па нам не ни преостанува ништо дру...
Додајте шик стил на секојдневната облека! Надградете го вашиот стил со модни додатоци и Huawei Watch... Паметните часовници во последно време стануваат сѐ попопуларни, главно поради ни...
Huawei P40 Pro се најде на врвот на листите на DXOMARK со импресивен ранг за камерата Неодамна беше претставена P40 серијата на Huawei, која доаѓа со врвен дизајн и и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg