HP - иновација во работењето

hp-inovacija-i-tradicija-vo-rabotenjeto-povekjeНа 21 септември во Хотелot Холидеј ИН, реномираната компанија ХП одржа голема технолошка конференција која се состоеше од неколку...


...тематски презентации: предностите на оригиналните кертриџи, како корисниците да ги препознаат фалсификуваните потрошни материјали, како и што е она на што треба да се внимава при купување на еден печатар.

На овој настан, беа презентирани досегашните анализи кои укажуваат на тоа дека тонерот претставува дури 70 од целокупниот печатарски систем, поради што овој дел е многу важен за правилно функционирање на уредот.

Оригиналните ХП кертриџи за печатење се прецизно произведени да работат заедно со ХП ласерскиот печатач, овозможуваат голема сигурност, првокласен квалитет на печатењето и висока веродостојност.

Оригиналните потрошни материјали овозможуваат помалку препечатувања со што се штеди енергија, хартија и време, што води кон пониски трошоци за печатење и поголема продуктивност, а исто така се и компатибилни со животната средина.

Оригиналните тонери нудат траен квалитет на отпечатокот се до целосно искористување на тонерот, за разлика од 39 % од страниците испечатени со не- ХП кертриџи кои се со многу лош квалитет. Присутните на ова предавање имаа можност на лице место да ја воочат разликата помеѓу оригинален и компатибилен тонер/боја.

Исто така, на овој настан беше посочено како самите корисници да ги препознаат фалсификуваните потрошни материјали. Најчесто станува збор за полнети или преработени кертриџи за печатење во неовластени или лажни ХП пакувања кои се обидуваат да го искористат уникатниот имиџ на ХП.

Тие најчесто се со слаб квалитет на печатење и неквалитетни копии, произведуваат нормален или нескладен капацитет на страници, а можат и да го оштетат печатарот. Во една од сесиите стана збор и за предностите на централизираната печатарска инфраструктура .

Изнаоѓањето на модерни и иновативни решенија е стратегиска определба на ХП. Токму затоа, производите се модерни, мултифункционални и лесни за ракување, на големо задоволство на корисниците ширум светот .

Оригинален ХП потрошен материјал- секогаш се исплатува!

hp-inovacija-i-tradicija-vo-rabotenjeto-1

hp-inovacija-i-tradicija-vo-rabotenjeto-2

hp-inovacija-i-tradicija-vo-rabotenjeto-3

Би можело да ве интересира:

Опседнати сте со ChatGPT, премногу му верувате: Дали страдате од „AI психоза“? Иако засега не е официјална дијагноза, таканаречена AI психоза претставува состо...
Фото-докази дека мобилните телефони во 2000-тите беа многу „покул“ од модерните смартфони Иако перформансите на ретро мобилните телефони не се ни споредуваат со оние на м...
Безжични слушалки и уште пет секојдневни изуми што постојат благодарение на НАСА Малите камери на смартфоните се технологија што ја развиле инженерите од НАСА – ...
Мрачната страна на платформата Роблокс, што е хит и кај нас: Киднапирања, педофили, измами за пари Роблокс овозможува корисниците самите да креираат видеоигри, што значи единствен...
Мрачната страна на виралниот ChatGPT тренд: „Не знаете каде се складираат вашите податоци и фотки ил... „За помалку од еден час, вештачката интелигенција може да собере доволно податоц...
Електронски уреди за кои дававме цело богатство, но сега само собираат прашина MP3 плеер, GPS уред, дигитален фотоапарат – сите бевме подготвени да дадеме мало...

Најчитани неделава