Што се Финтек компании?

За почеток, што всушност значи Финтек? Терминот „Финтек“ се користи за опишување нови услуги кои, со користење на напредни и иновативни технологии, ја подобруваат и автоматизираат испораката и употребата на финансиски услуги и се сериозен конкурент на традиционалните финансиски методи во испораката на финансиски услуги.

shto-se-fintech-kompanii-1.jpg

Финтек индустријата опфаќа различни области, меѓу кои се дигиталните трансакции, кредитирање, инвестициско банкарство, управување со инвестиции, лични финансии, B2B, InsurTech, RegTeg.

Категоријата Кредитирање е претставувана од небанкарските финансиски институции, на пример финансиските друштва, и овде, технолошките решенија најостро се рефлектираат во проценката на кредитоспособноста на клиентите. Развиени се сложени алгоритми и модели за бодување, комбинирајќи неколку фактори кои овозможуваат да се анализира однесувањето на клиентите и можноста за отплата на кредитите. Инвестирани се и значителни ресурси во технолошки решенија за услуги на клиентите за услугата да биде брза, удобна, разбирлива и едноставна.

Следствено големата достапност до Интернет, навиките на потрошувачите се променети. Денес, потрошувачите се повеќе одлучуваат да купуваат од далечина, а од овој тренд не е исклучен и пазарот на финансиски услуги. Денес, пазарот на финансиски услуги забележува побарувачка за комплетно нов пристап, бидејќи потрошувачите очекуваат едноставни и лесни за употреба производи, отколку часови поминати во филијали, пополнувајќи куп документи. Ова неизбежно го принудува пазарот на финансиски услуги да се трансформира.

Друг аспект што влијаеше на развојот на небанкарските финансиски услуги е технолошкиот напредок. Предноста на давателите на небанкарски услуги лежи во нивните напредни технолошки решенија што ги прави особено брзи, ефикасни и ажурни. Исто така, нивната компанија култура и став личи на онаа на start-up компании, чиј фокус е на обезбедување на ефикасна услуга и одлично искуство на клиентите, спротивно на глобалните корпорации кои често се вртат околу тешки бирократски процедури.

Овозможено од Тиго.мк – www.tigo.mk

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg