Оптичка илузија: Дали имате „машки“ или „женски“ мозок?

Ако видите маж што трча кон вас
Вие сте од оние луѓе кои имаат повеќе „машки“ мозок - се обидувате да ги решите своите проблеми и да ги надминете тешките пречки во животот со помош на аналитички вештини, секогаш барајќи добра причина зошто се случуваат некои работи.
Кога нешто ќе ве заинтересира, брзо учите сè што е поврзано со тоа и ги впивате информациите.
Во тоа време целата своја енергија ја насочувате кон тоа и барате идеи за да „му пристапите најлесно на проблемот“.
Но, за жал, вие не сте добри во мултитаскинг и иако сакате да правите повеќе работи истовремено, едноставно, не успевате во тоа.
Кога ќе добиете некоја идеја или кога ќе создадете цврсто мислење за нешто, подготвени сте да го поддржите тоа со убедливи аргументи бидејќи сте сигурни во себе, во својата способност да се фокусирате на деталите и да им пристапувате на работите внимателно.
Ако видите маж кој како да бега од вас
Вие сте од овие луѓе кои имаат повеќе „женски“ мозок - тоа значи дека вашите аналитички вештини и способноста за расудување и точна проценка се секогаш силно изразени.
Секогаш се потпирате на своите сетила, размислувате внимателно и не брзате кога донесувате одлука.
Вашиот мозок работи најдобро кога сте фокусирани на нешто креативно.
Истовремено, одлични сте и при мултитаскинг и имате неверојатна меморија.
Секогаш можете да сметате на вашата интуиција и на внатрешните сетила кои ве водат во вистински правец.
А. Ј. | Црнобело