Психо-тест со бои - Како навистина гледате на пријателите?

Овој тест со бои ќе ви открие колку навистина сте блиски со вашите пријатели, а сè што бара од вас е да си замислите дека имате роденденска забава на која се поканети сите ваши пријатели.

psiho-test-so-boi-kako-navistina-gledate-na-prijatelite-01.jpg

Да ги следиме инструкциите од видеото:

Замислете дека имате роденденска забава.

Пристигнуваат два од најблиските пријатели кои ги имате. Едниот/ата од нив носи жолта маица, а другиот/ата сина маица.

Кој/а ваш/а пријател/ка ја носи жолтата, а која сината маица?

Пријателот/ката кој/а ја носи жолтата маица е некој кој ве прави навистина среќен/на и на кој лесно можете да му се доверите.

Личноста која ја носи сината маица е некој со кој се обидувате, но имате потешкотии да бидете блиски.


Сега пристигнуваат и другите луѓе и земаат пијачки.

Еден од пријателите има црвена чаша, а другиот сина.

Кој има црвена, а кој сина чаша?

Оној кој има црвена чаша е амбициозна личност каква што посакувате и вие да бидете еден ден.

Личноста која има зелена чаша е пријател/ка која ве смирува и ви помага да ги надминете стресните ситуации.


Доаѓаат уште две личности со подароци.

Едниот подарок е спакуван во портокалова хартија, а другиот во виолетова.

Кој ви го подари подарокот со портокалова хартија, а кој со виолетова?

На личноста која ви подари подарок завиткан со портокалова хартија гледате како на рационална и искрена личност, а на другата личност како на мистериозна и креативна.

Се согласувате со тестот?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Што сте биле во минатиот живот и кои лекции сте ги научиле? Дали во еден од вашите минати животи сте научиле лекции кои ви служат и денес? И...
Тест на личноста: Дома ви е хаос - кој проблем ќе го решите прв? Дали прво ќе ја исклучите ринглата, ќе се јавите на телефон, ќе го смирите бебет...
Тест на личноста: Дали сте љубезни кон другите луѓе? Дали со сите сте фини и секогаш сте подготвени да застанете во одбрана на луѓето...
Тест на личноста: Дали сте ментално силни и што ви е скриен адут? Каква психа имате? Дали сте човек кој со храброст, па дури и насмевка, се справу...
Тест: Одберете една шолја и откријте што ве исцрпува на работа Се чувствувате како работата повеќе да не ви е тоа што ви била, исцрпени сте, но...
Тест на личноста: Изберете едно дрво и дознајте дали сте „нарцис“ Себичноста е една од особините на нарцисите, а овој тест ќе ви помогне да открие...

Најчитани неделава