Оптичка илузија: Што открива за вас бројот на коњи што ќе ги видите за 5 секунди?

Еден коњ

Секогаш сакате да ги согледате работите во целина и имате веќе утврдена идеја за нив.

Благодарение на овие квалитети честопати ви се случува брзо да донесете заклучок за работите и да го имате конечниот одговор во главата додека другите сè уште размислуваат за проблемот. Но, можно е да донесете избрзани одлуки затоа што не сакате да посветите поголемо внимание на деталите.

Потребно ви е можеби уште малку повеќе да работите на себеси и да направите промени.

Тоа што брзо ги толкувате работите не значи дека треба целосно да се опуштите.

Помеѓу 5 и 10 коњи

Се стремите кон перфекционизам и не сакате да ги земете работите здраво за готово, туку сакате да им посветите внимание.

Одлуките ги носите рационално и промислено.

Иако сте мошне разумна личност, и посветени сте на тоа да ги остварите сопствените цели, на многумина им изгледа дека сте мошне неорганизирани. 

Можеби е подобро да поработите на себеси и да најдете начин да бидете поорганизирани за да не создавате голем број недоразбирања со другите луѓе.

Без разлика дали работите ги извршувате брзо или бавно, за вас е најважно да не се откажете, па понекогаш станувате и премногу самоуверени. Не знаете да земете одмор кога тоа ви е потребно, ниту пак како да прифатите пораз.

Над 11 коњи

Вие сте перфекционисти со мошне изострен вид. Обично ги забележувате работите што другите нема да ги видат, затоа што мошне сте одговорни и не сакате да пропуштите ниту еден детаљ.

Колегите знаат дека секогаш може да се потпрат на вас.

Сепак, не е лесно ниту да се биде перфекционист, затоа што честопати сте несигурни дали некои работи треба да ги направите и верувате постојано дека постои можност за подобрување. 

Заради тоа речиси никогаш не сте задоволни од крајниот резултат.

Тоа значи дека ви е неопходно да почнете да се занимавате со активности што ќе ви овозможат да го одморите мозокот и да се опуштите, а добро би било до себеси да имате некој што ќе знае да ви каже кога претерувате – не можете сите проблеми да ги решите одеднаш, нели?!

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тест на потсвеста: Начинот на кој ја држите шолјата ги открива тајните на вашата личност Дали ја држите шолјата за чај или кафе со целата дланка, само за рачката, или со...
Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Тест на потсвеста: Што прво гледате на илустрацијата - открива како ве гледаат другите, а какви сте ... Овој тест на потсвеста ќе ви открие какви сте навистина, а како, всушност, ве гл...
Тест според нумеролозите: Бројот на домашната адреса ја открива вашата судбина Верувате ли во моќта на бројките? Нумеролозите тврдат дека бројките влијаат на с...
Усни или плажа? Тоа што прво го видовте на илустрацијата открива какви сте по природа Велат дека една слика вреди 1.000 зборови, а тоа што прво го забележувате на илу...
Оптичка илузија: Она што прво ќе го забележите на илустрацијата открива детали за вашиот љубовен жив... Погледнете ја добро илустрацијата и откријте детали за вашиот однос кон љубовта ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg