Зајак или птица: Што гледате на видеото што ги збунува сите?

Најновата збунувачка „илузија“ што предизвика вистинска дебата на социјалните мрежи е видео од црно животно кое е галено и кое очигледно ужива во тоа. 

zajak-ili-ptica-videoto-shto-go-zbuni-celiot-internet-01.jpg

Иако звучи едноставно, некои луѓе се убедени дека гледаат птица, но другите се сигурни дека животното е зајак.

Видеото веќе има милиони прегледи и е објавено на Reddit од корисникот Horseonabike, а виралната загатка започнала на Twitter.

На прв поглед дел од луѓето гледаат клун, но некои се сомневале дека тоа се уши на зајак. Штом видеото се прослави, многумина објаснија зошто животното на видеото дефинитивно е птица.

„Ова не е зајак, туку вид гавран. Забележете ја мембраната кога трепнува. Наместо да се движи горе и долу, таа хоризонтално го прекрива окото и е провидна.“

Неодамна имаше слична забуна со друга фотографија. Минатиот месец, многу луѓе мислеа дека на оваа фотографија гледаат плажа и море, кога всушност на фотографијата има врата од автомобил што треба да се поправи.

Според невробиологот Бевил Конвеј, она што го „гледаме“ на ваквите фотографии зависи од контекстот.

„Нашиите мозоци се потпираат на информациите од она што го очекуваме. Понекогаш кабелот може да ви изгледа како јаже, а понекогаш како змија.“

Загатката со зајакот и птицата не е нешто ново. Во 1899-та година, психолог Џозеф Џастроу направил црно-бела скица од животно што наликува и на зајак и на птица за да ја докаже поентата што ја истакнал Бевил.

zajak-ili-ptica-videoto-shto-go-zbuni-celiot-internet-02.jpg

Кога им ја покажувал сликата на деца за време на Велигден, тие обично гледале зајак. Бидејќи во некои држави зајакот е велигденски симбол, најверојатно децата „очекувале“ да го видат, па изјавиле дека гледаат зајак.

Кога истата слика им ја покажувал во октомври, повеќето деца гледале патка.

Што видовте вие?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Визуелна загатка која ќе ви го „полуди“ умот – колку кругови гледате? Да, знаеме дека гледате само квадрати... мозокот ќе почне да ви поти додека да г...
Дали мозокот ви работи брзо - колку триаголници има на сликата? Колку триаголници можете да изброите на цртежот и за колку време? Колку триаг...
97% од луѓето не успеваат: Гледате ли вие две мачки на илустрацијата? Дали сте во оние 3% кои имаат беспрекорен вид или сепак не можете да ги пронајде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg