Детективска загатка за фановите на Агата Кристи: Кој ја убил госпоѓа Марија?

Ако сте љубител на детективските романи на Агата Кристи, тогаш многу лесно ќе го решите „убиството на госпоѓа Марија“... Од петмина осомничени, само еден е убиецот. Ќе погодите ли кој?

detektivska-zagaka-za-fanovite-na-agata-kristi-koj-ja-ubil-gospogja-marija-01.jpg

Време е да ги покажете вашите детективски способности.

Прочитајте ја внимателно загатката и обидете се да го дадете точниот одговор:

Госпоѓа Марија е убиена во нејзиниот дом во недела пред самрак. Во куќата имало уште петмина во времето на убиството - готвач, батлер, градинар, слугинка и сопругот на убиената.

Полицијата од сите нив побарала да им каже каде биле точно во времето на убиството.

Секој од петмината осомничени имал веродостојно алиби:

„Јас бев во кујната, подготвував вечера“, рекол готвачот.

„Јас бев во винската визба, барав соодветно вино за вечерата“, кажал батлерот.

„Јас бев во трпезаријата, ја подготвував масата за вечерата“, рекла слугинката.

„Јас бев во дворот, ги сечев гранките од живата ограда“, рекол градинарот.

„И јас бев во градината, гледав во ѕвездите како и секоја вечер“, рекол сопругот.

Чие алиби не е точно?

Продолжува на следната страница:



Би можело да ве интересира:

Морничава загатка која ќе ја решат само најостроумните Иван бил возрасен маж, кој бил роден во 1995, а умрел во 1953. Ќе успеете ли да ...
Географска загатка која треба да ја одговори точно секој што има општи познавања Понекогаш и да не сте експерт во некоја област, некои работи треба да ги знаете ...
Мозгалка за умни глави: Колку брзо ќе се сетите на одговорот? Дали сакате предизвици? Тогаш оваа логичка задача е само за вас. Колку брзо ќе с...
Лесна логичка загатка: Што сум јас? Дали ви е логиката силна страна или скоро никогаш не успевате да одговорите точн...
Колку книги има на илустрацијата? Дали имате „око соколово“ и лесно забележувате детали? Ако одговорот е „да“, тог...
Прашање на кое безобразните умови паѓаат: Што е тврдо кога е суво? Можете ли да дадете точен одговор без паметот да ви отиде на безобразни работи? ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg