Задачи и проблеми кои не може да ги решите ако немате развиена фантазија

Секој има различен начин на размислување и на решавање на проблемите, но најважно е секогаш да размислувате „надвор од кутијата“.

zadachi-i-problemi-koi-ne-mozhe-da-gi-reshite-ako-nemate-razviena-fantazija-001.jpg

Не секогаш проблемите имаат стандардни решенија и понекогаш е потребно повеќе да ја активирате логиката, но и фантазијата.

Во оваа серија од задачи, каде „главна улога“ имаат Маша и нејзината баба ќе ви биде потребно токму тоа.

Прочитајте го добро секој проблем и на секој од нив обидете се да најдете оригинално решение.

Задачи и проблеми кои не може да ги решите ако немате развиена фантазија
  1. 1. Маша отишла во аптека да купи лекови за нејзината баба. Фармацевтот погледнал во рецептите и ѝ дал 4 идентични таблети – 2 за висок крвен притисок и 2 против алергии.

    Тој ја предупредил дека баба ѝ мора да се напие по една таблета од двата лека неколку часа пред спиење.

    Девојката била отсутна со умот, па само ги земала лековите и отишла. Кога стигнала дома, ја сфатила грешката – пред неа имало 4 идентични таблети.

    Проблем: Бабата мора да се напие 1 таблета за висок притисок и 1 за алергии. Како ќе знаат кои се вистинските?

    Одговор
  2. 2. Бабата се чувствувала подобро и се преселила на село. Таму имала 3 кокошки кои несат 3 јајца за 3 дена.

    Знаејќи го ова, Маша решила дека продавањето јајца е добар бизнис и купила уште 12 такви кокошки за нејзината баба.

    Проблем: Колку јајца ќе има бабата за 15 дена?

    Одговор
  3. 3. Маша пораснала и по студиите се вработила на одделение за криминологија. Во една куќа имало убиство – еден од петте луѓе кои живееле таму бил најден мртов во својот кревет, а таа го истражувала случајот.

    Осомничени се останатите четворица. Младата Маша ги прашала сите што правеле за време на убиството и побарала да ги покажат рацете.

    Првиот изјавил дека бил во кујна цело тоа време. Вториот цртал во својата соба. Третиот изјавил дека претходните 3 часа ги поминал во бањата. Четвртиот рекол дека читал книга во градината цел ден.

    Проблем: Погледнете ја сликата и помогнете ѝ на Маша да открие кој е убиецот.

    Одговор
  4. 4. По долго работно искуство, Маша решила да патува низ светот. Еднаш поминувала низ пустина во Африка и здогледала чудни работи.

    Прво, на патот видела неколку вреќи со песок, малку понатаму имало нафрлано храна, па потоа здогледала и чевли со различни големини.

    На крај, дошла до тело на бос човек, кој држел скршено чкорче во рака.

    Проблем: Помогнете ѝ на Маша да сфати што се случило и како човекот е мртов.

    Одговор

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предизвик за познавачите на дијалекти: Што значи „љуфна“? Ако сте од Битола или околината, тогаш овој збор ви е сигурно познат. Каде се ко...
Математички предизвик - Кое е точното решение? Дали внимававте на часовите по математика, или и најосновните математички операц...
Јазичен предизвик: Што значи „цреп“? Во Македонија има толку многу дијалекти, турцизми, странски зборови кои ги корис...
Детективска загатка: Кое дете го лаже татко си? Ставете се во улога на татко-детектив, кој треба да открие кое од трите деца го ...
Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Загатка за сите со висок IQ: Кој број треба да стои на местото на прашалниците? Ако сте добар математичар, имате висок IQ или ако логиката ви е силна страна, ле...

Најчитани неделава