Три детективски загатки што ќе ги решат само најдосетливите

Зарем има личност која не ужива во детективските приказни? Кога ќе земете предвид колку се популарни делата на Агата Кристи и Артур Конан Дојл, станува јасно дека во секој од нас се крие детектив.

tri-detektivski-zagatki-shto-kje-ig-reshat-samo-najdosetlivite-01.jpg

А, сега имате одлична можност да ги тестирате вашите детективски способности.

Вo продолжение се три загатки, а вашата задача е да откриете како детективот сфатил кој е убиецот.

Три детективски загатки што ќе ги решат само најдосетливите
  1. 1. Еден милионер бил убиен во својот дом, со куршум во челото. Детективот разговарал со неговите тројца синови – Андреј, Стефан и Петар. Стефан рекол дека таа вечер, тој, Андреј и татко им биле на свечен настан. Кога се вратиле, седеле во дневната, а кога татко им тргнал да се качува по скалите, во дневната влегол Петар и го застрелал. Андреј ја потврдил приказната. Петар, пак, рекол дека бил на вечера кај пријател, а кога се вратил дома, татко им веќе бил мртов. Детективот веднаш знаел кој лаже. Како сфатил кој е убиецот?
    Одговор
  2. 2. Еден детектив разговарал со лекар, кога во болницата влегол избезумен маж, викајќи: „Некој ја застрела жена ми!“ Кога детективот го прашал што се случило, мажот рекол дека бил на работа и тогаш му се јавила домашната помошничка, која му кажала дека нешто ѝ се случило жена му, па сега била на интензивна нега. Мажот веднаш се упатил кон болницата. Кога завршил со приказната, детективот го уапсил за обид за убиство. Како знаел дека тој е виновникот?
    Одговор
  3. 3. Едно утро детективот се расправал со жена му и излегол од дома. Кога се вратил, во куќата ги начекал жена му, полиција и убиен маж. Жена му рекла дека седела во дневната, кога некој заѕвонил на вратата. Мислела дека е сопругот, па веднаш отворила. Но, на вратата стоел маж кој ја турнал, па таа го прободела со нож. Детективот веднаш им наредил на полицајците да ја уапсат жена му, бидејќи планирала да го убие. Како детективот сфатил дека сопругата сака да го убие?
    Одговор
 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Квиз: 10 загатки за луѓе со остар ум – Колку ќе погодите? Таткото на Мартин има три синови. Двајцата се викаат Ристе и Петар, како се вика...
Детективска загатка: Кое дете го лаже татко си? Ставете се во улога на татко-детектив, кој треба да открие кое од трите деца го ...
Загатка за остроумни: Колку топки има на илустрацијата? Дали сметате дека сте остроумна личност и дека ниеден детаљ не може да ви „побег...
Три логички загатки - Ќе ги погодите ли без многу размислување? Колку добро ви „оди“ логиката? Ако мислите дека прашањата што можат да ги збунат...

Најчитани неделава