Х-фактор Адриа финале: Првиот победник е ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ

После неколкумесечни дружби, аудиции, многу песни, елиминации, шоу, тажни, смешни и среќни моменти, до големото финале стигнаа само петмина: Даниел Кајмакоски, Маид Хеќимовиќ, Тамара Милановиќ, Лукијан Ивановиќ и групата „Доктори“.

x-faktor-finale

 Сите предводени од нивните ментори, Жељко Јоксимовиќ, Кики Лесендриќ, Емина Јаховиќ и Кристина Ковач.

Вечерва во Комбанк Арената се случува големото финале на кое ќе се избере првиот победник на регионалниот „Х-фактор“. Подготвена е сцената, финалистите, специјалните гости и публиката.

Сите имаат свои фаворити, а ние заедно со цела Македонија стискаме палци за нашиот омилен Даниел Кајмакоски!

Одбројувањето започнува...

Ана Грубин ги поздрави сите од Комбанк Арената и објави дека линиите за гласање се отворени во овој момент. Во големото финале може да гласате неограничено за својот фаворит.

Судиите се на своите позиции, се прегледуваат најинтересните моменти и се чека првиот настап.

Потсетуваме дека победникот добива парична награда од Master Card, два видеоспота, ПР поддршка од тв „Пинк“, автомобил Mini Cooper, обезбедена турнеја и договор за „City Records“ и „Sony music“.

Второпласираниот добива парична награда од Raiffeisen Bank, а третопласираниот добива пакет од Samsung производи.

„Sony music“ и „City records“ ќе имаат можност да одберат уште некој од финалистите со кој ќе потпишат договор за развој на кариерата.

Први кои со својот настап ќе го скршат мразот во големото финале се атрактивните „Доктори“ со микс од песните „Тrouble maker“ и „Just the way you are“.

x-faktor-finale-1

Кики Лесендриќ прв ги поздрави после настапот. Според него фантастичен микс на песни, одлична изведба и заслужено во финале.

Емина Јаховиќ смета дека се шармантни.

Жељко е воодушевен од нив и им честита.

Кристина е горда менторка и презадоволна од нивниот настап.

Момците се пресреќни и ја очекуваат поддршката од публиката.

Втор на сцената настапува Лукијан Ивановиќ со песната „Don't you worry child“

x-faktor-finale-2

Жељко му посакува среќа, Кристина со голема поддршка за него, Кики Лесендриќ смета дека одлично отпеа, а неговата менторка Емина смета дека од него може многу да учат за тоа како уметниците напредуваат и се развиваат. Лукијан е возбуден и пресреќен што е во големото финале.

Трет во големото финале настапува  нашиот Даниел Кајмакоски со песната „Sex on fire“.

x-faktor-finale-3

Според Кристина одличен избор на песна и верува дека тој ќе стигне до третиот круг, владее со сцената и ѝ се допаѓа целосната изведба.

Кики смета дека ова е најдобар негов настап, смета дека е ѕвезда. Емина потврдува дека ја „запалил“ цела арена.

Жељко нема што да му каже освен многу среќа, аплауз и многу гласови.

Даниел се чувствува фантастично и е благодарен за целата поддршка. Со овој енергичен настап покажа како треба да изгледа вистинска ѕвезда. Браво за Даниел! Останува само да испраќаме смс пораки за него до самиот крај.

Четврти по ред настапува Маид Хеќимовиќ со песната „Као моја мати“.

x-faktor-finale-4

Маид е човек драма според Кристина и мило ѝ е што останал доследен на она што е. Кики Лесендриќ смета дека Маид е достоен наследник на Здравко Чолиќ, голем глас и единствен кој  заслужил да се врати во Х-фактор.

Според Емина тој е човек-емоција за кого би платила карта на концерт да го слуша цела вечер. Жељко и него како и Даниел го поздрави со аплауз. Според него ова е најдобро што може да испее и благодарен е што бил негов кандидат.

Маид е пресреќен и преполн со емоции и со солзи радосници.

Петта по ред е единствената девојка во големото финале, Тамара Милановиќ која ја изведува „Wreacking ball“

x-faktor-finale-5

За Кристина ова е најдобра песна, но се надева дека во следниот круг Тамара ќе ја покаже емоцијата од првата аудиција, која овојпат не дојде до израз.

Емина се согласува со Кристина и смета дека тремата ѝ влијаела, но дека тоа е сосема вообичаено со оглед на 10 илјадната публика во Арена.

Жељко ѝ посакува среќа, а Кики смета дека таа е веќе победничка со тоа што стигнала до финалето.

Тамара добива специјална награда од Exit Festival од каде ѝ овозможуваат да настапи на големиот светски отворен фестивал и да сними албум.

Прва специјална гостинка во ревијалниот дел на „Х-фактор Адриа“ е Марија Шарифовиќ, која со новата песна го најави својот албум и концерт.

Момент на соопштување на гласовите. Првите двајца финалисти кои за жал, го напуштаат шоуто се: „Доктори“ и Лукијан Ивановиќ. Нашиот Даниел продолжува и во вториот круг.

x-faktor-finale-6

Даниел го отвора вториот круг со „Angels“ од Роби Вилијамс.

x-faktor-finale-7

Кристина е воодушевена од него и признава дека за неа е единствениот победник од самиот почеток. Кики се согласува со неа. Емина нема коментар освен дека е скромен и прекрасен.

Жељко само го праша каде би останал доколку победи, а Даниел го одбра Белград, како град кој е на средина меѓу Скопје и Виена. Сепак би сакал да може да стигне секаде каде што го поддржуваат.

Втор настапува Маид Хеќимовиќ со песната „Eh da je tuga snjeg“ од Дино Мерлин.

x-faktor-finale-8

Кристина смета дека е иден балкански пејач со феноменален глас. За Емина Маид е единствениот на кој не може да му одолее.

Кики Лесендриќ мисли дека заслужено докажал зошто е на таа сцена. Жељко како негов ментор и на Даниел не би можел да се одлучи за кого би гласал, бидејќи двајцата се на свој начин најдобри.

Трета и последна во вториот круг настапува Тамара Милановиќ со песната „Ja bih te sanjala“ од Негатив.

x-faktor-finale-9

На Емина не ѝ се допаѓа изборот на песна, но за пеењето и изгледот нема никакви забелешки.

Жељко верува дека може да се спакува и да отиде во која било земја и да направи огромна светска кариера.

Кристина повторно не е презадоволна во однос на емоцијата која ја покажа, но смета дека одлично ја испеа песната.

Кики е горд на неа без разлика што ќе се случи до самиот крај.

После вториот круг, втора специјална гостинка во ревијалниот дел на големото Х-фактор финале е нашата претставничка на Евровизија во Данска, Тијана Дапчевиќ со евровизиската песна „To the sky“.

Втор кој настапува како специјален гостин во ревијалниот дел за време на гласањето е Кики Лесендрииќ со „Пилоти“ и легендарната „Kada sanjamo“.

На сцената со него се сите досегашни финалисти на „Х-фактор Адриа“.

 Трети специјални гости на финалето се берлинската електро атракција Madlick со песните „Yoko Ono“ и „We are the future“

Според гласовите, по вториот круг, прв финалист е нашиот Даниел, втора е Тамара Милановиќ, а шоуто го напушта Маид Хеќимовиќ, но тој ја добива третата награда.

x-faktor-finale-10

Третиот и последен одлучувачки круг го отвора повторно Даниел Кајмакоски со „The hardest thing“ од нашиот Тоше.

Фантастична изведба, достоинствено, моќно и емотивно. Браво Далиел

 Втора и последна за оваа вечер настапува Тамара Милановиќ со „Run“ од Леона Луис.

Даниел настапува по вторпат со песната од првата аудиција, „Red“ кога наеднаш ги освои сите и оттогаш е најголем фаворит.

x-faktor-finale-11

И Тамара ја пее по вторпат емотивната балада „Don't you remember“ од првата аудиција кога никого не остави рамнодушен.

Жељко е импресиониран од двајцата, Емина им посакува да продолжат да го остваруваат својот сон. Кики Лесендриќ и Кристина Ковач имаат само најдобри зборови за двајцата.

x-faktor-finale-12

Најважниот момент и соопштување на гласовите според кои најголемиот победник на првиот „Х-фактор Адриа“ е единствениот, наш најдобар ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ!

x-faktor-finale-14

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg