Играјте Ризик!

igrajte-rizik-povekjeДоколку викендот планира да биде врнежлив одлично време е да ги соберете другарите и да се забавувате на поинаков начин од диско. Играјте Ризик!

 

Risk (Ризик) е друштвена игра која се игра на картонска плоча. Целта на играта е да се исполни задачата прикажана на извлечената картичка со задачи. Секоја задача е во тајност се до крајот на играта.

Играта е направена за најмалку двајца, а најмногу 6 играчи, од кои секој си има сопствена боја на армија: сина, жолта, црна, виолетова, зелена или црвена.

Играта се состои од една плоча на која е прикажана светската мапа во која на средина се наоѓа Европа. Континентите Јужна и Северна Америка, Азија, Австралија, Африка и Европа се поделени на мали делови кои имаат име по некои држави, покраини или географски подрачја (пр.Северна Африка).igrajte-rizik

  • Играчи: 2-6
  • Време на поставување: 5-15 мин
  • Време на играње: 1 - 8 часа

Покрај фигурите на војската (војник - 1 батаљон, коњаница - 5 батаљона, топ - 10 батаљона) и погдлогата за играње во кутијата ќе најдете 2 шпила карти и 5 коцки.

Во едниот шпил е мисијата на вашата игра, а во другиот се нацртани границите на помалите делови од мапата со нивното име и најдоле на картичката исцртана е една фигура од војската.

Играта започнува со тоа што секој играч добива еднаков број на карти од оние со подрачјата, се делат сите карти и еднаков број војска, бројот на војската зависи од бројот на играчите (не се дели цела). Потоа секој играч влече по само една картичка со мисија. На картите со мисија се понудени и алтернативи (пр. освоите 24 подрачја или уништете ја црната армија).

И нападот и одбраната во играта се вршат со коцки. И секако - тој што има поголема коцка тој добива.  Напаѓачот со 3 или повеќе батаљона напаѓа со 3 коцки (3 коцки е мах.) додека пак противникот се брани со 2 или 1 коцка зависно од тоа колку батаљона има на таа територија (2 коцки е мах.)

После секој напад, напаѓачот има право да ги прегрупира своите трупи само од едно до друго, задолжително соседна територија и после тоа може да влече карта од шпилот со територии. Со тоа го означува крајот на неговиото напаѓање за овој круг и на ред е следниот играч.

Картите кои се собираат после секој напад служат за дополнување и обнова на армијата. Доколку играчот собере 3 исти карти или пак 3 различни карти има право на обнова следниот круг пред да започне со напад. Исто така доколку еден играч успее да задржи цел континент додека дојде пак на ред добива појачување на војска колку што носи вредноста на тој континент (пишува на мапата кој континент колку носи).

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg