Психолошки профил на секој хороскопски знак – од какво нарушување на личност може да страдате?

od-kakvo-poremetuvanje-na-lichnost-najchesto-stradaat-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага

Двата дела на вагата секогаш мора да имаат рамномерен притисок за да постои рамнотежа, а токму кон таква состојба тежат и претставниците на овој хороскопски знак.

Но, ако постојат две страни, постои и неодлучност и тоа е една од карактеристиките што најдобро ги одредува претставниците на овој знак.

Тие се мошне друштвени и ведри, внимаваат на сопствениот изглед, однесување и на добрите манири и секогаш им е важно да уживаат во убаво и хармонично опкружување.

Сепак, нивната преголема љубезност и скромност значи дека некогаш не се гледаат себеси во вистинското светло и сметаат дека не ја заслужуваат радоста, богатството, па и љубовта што ја добиваат.  

Заради ова може да западнат во Мазохистичко нарушување на личноста, што доведува тие самите да почнат да ја намалуваат сопствената вредност.

Скорпија

Однадвор ретко може да се забележи нивниот бурен карактер и силниот темперамент. Важат за мошне таинствени и воздржани личности, а своето вистинско лице им го покажуваат само на блиските личности.

Важат за личности на коишто најважна им е вистината и полни се со енергија. Обожаваат „црн“ хумор, провокативни се и духовити, а честопати може да бидат цинични и саркастични.

Благодарение на тоа што се мошне таинствени може да им се случи да изградат ѕидови околу себе. Заради стравот од одбивање и ниската самодоверба овие луѓе може да развијат Избегнувачко растројство на личноста заради што бегаат од каков било контакт со другите луѓе.

Стрелец

Тоа е огнен знак што ги симболизира далечините, патувањата, авантуристичкиот дух, но и високите морални начела. Станува збор за луѓе што се мошне енергични, отворени и коишто не можете да ги ограничите.

Тие не сакаат да се држат до правилата и конвенционалното, а во никој случај нема да останат со партнерот што веќе не го сакаат.

Имаат големи амбиции, сакаат многу да научат, да испробаат и не размислуваат премногу кога се впуштаат во нови авантури, без разлика дали станува за љубовни врски, искуства со екстремни спортови или некој ризик.

Тие не сакаат кога некој им сугерира како треба да го живеат животот и им се спротивставува на нивните ризични одлуки, па затоа може да се случи да развијат Антисоцијално нарушување на личноста и да не можат да расудуваат меѓу она што е правилно и што е погрешно.

Јарец

По природа се песимисти и мошне депресивни, но и внимателни затоа што главна цел им е да работат напорно за да постигнат успеси. Никогаш не се предаваат, а колку се повозрасни толку се поупорни во овие намери.

Го привлекува вниманието со тоа што секогаш делува рамнодушен и знае добро да ги контролира емоциите и речиси никогаш не се возбудува заради ситници. Нема многу пријатели, но оние малку што ги има може да ги побара во кое било време.

Тие се мошне упорни, но нивната строгост најчесто се однесува на работното место, па така може да се случи да развијат толку силен Перфекционизам што ќе води на ниво на растројство.

На Јарците може да им се случи да добијат панични напади ако тоа што го сработиле не блеска и не е перфектно, а можно е да развијат нарушување на личноста што ќе биде поврзано со нивната потреба сѐ да биде совршено.

Водолија

Тие се мошне ведри личности со добра смисла за хумор, а истовремено постојано имаат нови идеи и романтични замисли.

Важат за личности што се малку наивни и кои не знаат да играат заткулисни игри, туку имаат желба да имаат добри односи со сите.

Толерантни се и искрени, а освен што се разликуваат од другите хороскопски знаци, се разликуваат и меѓу себе, затоа што нивна главна преокупација е да бидат поразлични од другите.

Сепак, нивната генијалност честопати може да се граничи со лудило, па често се случува претставниците на овој знак да развијат Шизотипично нарушување.

Луѓето со вакво нарушување може да имаат чудни идеи за тоа како функционира светот, па дури и веруваат дека се способни да ги читаат мислите на другите.

Риби

Важат за пасивен и променлив знак, што понекогаш може да биде мошне тврдоглав, упорен и доследен, кога станува збор за некој идеал или за личноста што ја сака.

Рибите честопати веруваат дека светот во којшто живеат е ограничен, а имаат потреба да бидат дел од заедница или група, но со текот на времето, дури и таквата припадност може да почне да им изгледа како ограничување.

Мошне се чувствителни и многу им е важно што мислат другите за нив, па како резултат на тоа, стануваат зависни од тоа другите да им обрнуваат внимание.

Ова, ако се надополни со потребата сите да ги слушаат и да водат сметка за нивните идеи што се производ на бујната фантазија и имагинација, е совршен рецепт за развивање на Хистрионско растројство на личноста, а лицата кои страдаат од ова нарушување се чувствуваат недоволно ценети или депресивни кога не се во центарот на вниманието.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg