Психолошки профил на секој хороскопски знак – од какво нарушување на личност може да страдате?

Водолија - Толерантни се и искрени, а освен што се разликуваат од другите хороскопски знаци, се разликуваат и меѓу себе, затоа што нивна главна преокупација е да бидат поразлични од другите. Сепак, нивната генијалност честопати може да се граничи со лудило, па често се случува претставниците на овој знак да развијат Шизотипично нарушување.

od-kakvo-poremetuvanje-na-lichnost-najchesto-stradaat-horoskopskite-znaci-01.jpg

Најчесто се вели дека секој хороскопски знак има свои уникатни карактеристики на личноста што придонесуваат лесно да може да се извлече некој универзален психолошки профил за нив, а врз основа на тоа и да се процени и од каков тип на нарушување на личноста може да страдаат.

Секако, не значи дека секој од хороскопските знаци може да се соочи со психолошки проблеми и нарушувања на личноста, но врз основа на карактерните обележја поврзани со секој од знаците во Зодијакот, може да се предвиди на што треба најмногу да внимавате.

Во продолжение погледнете како изгледа психолошкиот профил на секој од хороскопските знаци и од какво нарушување на личноста секој од нив може да страда:

Овен

Провокативни, полни со енергија и бестрашни, Овните се луѓе што секаде ќе бидат забележани.

Важат и за мошне тешки и своеглави личности што секогаш работат по свое и на кои им е важно само сопственото мислење.

Токму затоа нивните реченици најчесто почнуваат со заменката: „Јас“... Честопати може да се случи ако некој ги налути да кажат нешто и што не го мислат само за да ја повредат личноста.

Тие истовремено важат за најагресивниот знак во Зодијакот, кои имаат изливи на гнев што може воопшто да не соодветствуваат со големината на проблемот со којшто овие личности се соочуваат.

Најчесто нарушување на личност што може кај нив да се јави се повремените изливи на агресија кога реагираат многу бурно и за најмалите детали.

Бик

Важат за одлучни, темелни и упорни личности, а како и останатите земјени знаци, тие се рационални, внимателни и аналитични.

Сакаат да успеат во животот, но не им е целта само да работат и да бидат успешни, туку сакаат и да уживаат во животот: да изградат дом, семејство и да остават нешто зад себе.

Можеби нивната најлоша страна е тоа што се премногу упорни и тврдоглави. Никој не може да ги разубеди дека за нешто не се во право, ако тие сметаат дека донеле одлука за нешто.

Ова мошне рестриктивно однесување може да ги доведе до Опсесивно компулсивно растројство, нарушување во кое личноста се обидува сѐ да биде во некаков ред.

Кога нешто не оди по нивните планови Биковите паничат, што е една од карактеристиките на ова нарушување.

Близнаци

Немаат цврст карактер и волја, но затоа имаат неповторливи интелектуални способности. Имаат знаење од сите области, елоквентни се во изразувањето, подвижни и снаодливи.

Важат за личности што секогаш се насмеани и ведри во друштвото, секогаш се радуваат на новите познанства, новите работни места, без проблем се адаптираат на нови околности, навики и нови средини.

Најлошата карактеристика им е што не можат да бидат сами премногу долго - како што означува и нивниот знак, тие постојано имаат потреба од друштво и од некој покрај нив. Нивната постојана потреба за љубов, за сигурност ги води да станат премногу зависни од врски.

Може да се случи да станат целосно потчинети во врската или во односот затоа што се плашат саканата личност или пријател да не ги напушти и да не останат сами.

Рак

Изгледаат мошне строго, дрско и контролирано, но Раковите всушност се мошне емотивни личности што поминуваат многу време во борба со сопствените емоции.

Тие длабоко ги доживуваат сите настани околу нив, а вистината е дека не ги погодуваат толку многу нештата што им се случуваат ним, колку што ги погодува тоа што им се случува на членовите на нивното семејство.

Не се агресивни, но ако некој се обиде да им се закани на луѓето што ги сакаат или на нивниот дом, Раковите се подготвени да се борат со сите сили.

Нивната постојана загриженост за сопствените чувства, но и за најблиските, може да предизвика да станат премногу заштитнички настроени и да почнат да се изолираат, а ова води до параноја.

Потребно е да бидат малку поопуштени и да сфатат дека не сака секој да им наштети во животот.

Лав

Имаат огромни амбиции, цврста волја и силна самодоверба. Добро знаат што сакаат, но и како ќе го постигнат тоа.

Тие секогаш сакаат да ја имаат доминантната улога, а практично се зависни од вниманието што го добиваат. Честопати се однесуваат како актери на сцена, дури и кога нешто креираат, размислуваат како другите ќе гледаат на тоа и ќе го оценат.

Најчеста негативна страна им е тоа што се многу горделиви и веруваат дека се подобри од сите останати. Се случува премногу да се вљубат во себеси, до тој степен што може да развијат нарцисоидно нарушување на личноста.

Тоа се луѓе што веруваат дека се подобри од сите останати и затоа заслужуваат поинаков и подобар третман од другите.

Девица

Тие важат за најголемите критичари и сметководители во Зодијакот. Луѓето родени во овој знак се интелигентни, критички настроени и лесно се приспособуваат на промени, но она што им недостасува е интуицијата, инстинктот, имагинацијата и самодовербата.

Со оглед на тоа што се мошне вешти и прецизни, лесно учат занаети, а колку повеќе се посветуваат на работата, толку повеќе се дистанцираат од другите луѓе.

Својата најлоша страна Девиците ја покажуваат кога некој ќе се обиде да им раскине или да се раздели од нив.

За секоја врска тие сметаат дека е судбинска, а затоа што не сакаат да бидат сами, може да се случи да почнат да се служат со манипулации за да ја задржат личноста во својот живот.

Многу често може да се случи да имаат Гранично нарушување на личноста што меѓу другото се карактеризира со вложување натчовечки напори за да се избегне нечие напуштање (што може да биде реално или замислено).

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg