Како ве искористуваат другите, според хороскопскиот знак?

Девици, вие сте личност која сака да решава проблеми, без разлика дали се ваши или туѓи. Додека вашите блиски пријатели го ценат ова, многумина го злоупотребуваат. Ги споделуваат нивните проблеми со вас и очекуваат веднаш да им најдете решение.

kako-ve-iskoristuvaat-drugite-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Во светот секогаш ќе постојат луѓе кои само сакаат да ги искористат другите за да добијат нешто.

Но, ако сте свесни за вашите (добри) карактеристики што другите ги злоупотребуваат, во иднина многу полесно ќе го спречите ова.

Па, како ве искористуваат другите, според хороскопскиот знак?

Овен

Кога станува збор за активности со пријателите и познаниците, тие очекуваат вие да ги испланирате до последниот детаљ.

Од барање хотели кога одите на патување, до резервирање маса во ресторан, целата организација паѓа на ваш грб.

И, другите не ни прашуваат дали ви треба помош.

Вие сте одговорни за секоја ситница, а веројатно и самите имате забележано дека ова е исцрпувачко.

Немојте вие да ги преземате сите обврски и некогаш кажете и „не“.

Бик

Луѓето најчесто ја злоупотребуваат вашата лојалност. Знаат дека ќе бидете овде за нив и не ве ни прашуваат дали можеби не сте во можност да им помогнете.

Вашата лојалност е неспоредлива, но не значи дека е безусловна.

Па, престанете да дозволувате да бидете користени за ова.

Не секој ги заслужува вашата лојалност и добрина.

Близнаци

Вие сте оптимист кој секогаш го гледа најдоброто кај другите.

Но, токму ова е особината која другите најмногу ја злоупотребуваат.

Вие сте забавна личност која секогаш е добро расположена, но другите сметаат дека вие сте должни да ги расположувате и нив.

Со ова ви ја крадат целата енергија и, на крај, додека другите се среќни благодарение на вас, вие сте мизерни.

Вие не сте одговорни за расположението на сите, па престанете да си ја трошите енергијата на тоа.

Рак

Вие сте хороскопскиот знак со најголемо срце и секогаш сте добри кон сите.

Вие сте среќни кога им помагате на другите, но проблемите настануваат кога тие не го ценат ова.

Повеќето луѓе очекуваат да бидете добри кон нив, и не се ни обидуваат да ви покажат благодарност за тоа.

Поради ова, неретко се жртвувате за другите, без да добиете нешто за возврат, па на крај страдате вие.

Не заборавајте дека не секој ја заслужува вашата добрина.

Лав

Луѓето завидуваат на вашите социјални вештини, а токму поради ова неретко и ги злоупотребуваат.

Очекуваат вие да ги запознавате со други (моќни) луѓе, вие да ги решавате проблемите помеѓу нив и вие да им помогнете да си ја зголемат самодовербата.

Очекуваат и постојано да разговарате со нив за да не се чувствуваат отфрлено ако се во ново друштво.

Иако е добро што сте пријателски настроена и комуникативна личност, воопшто нема потреба да ги користите вашите вештини за да им помогнете на буквално сите.

Девица

Вие сте личност која сака да решава проблеми, без разлика дали се ваши или туѓи.

Додека вашите блиски пријатели го ценат ова, многумина го злоупотребуваат.

Ги споделуваат нивните проблеми со вас и очекуваат веднаш да им најдете решение. Неретко очекуваат и вие да го решите проблемот за нив.

Притоа, не ви се ни заблагодаруваат.

Ако, пак, одбиете да им помогнете, прават да се чувствувате виновно.

Вие не сте должни да ги решавате проблемите на сите и заборавете на чувството на вина кога ќе одбиете некого.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg