Има отворено срце и заштитнички став кон блиските – Кој е најгрижливиот хороскопски знак?

Откако ќе почнат безрезервно да ви веруваат, тогаш ќе сфатите дека никогаш претходно не сте запознале поемпатична, погрижлива и поемотивна личност од нив... За кој хороскопски знак станува збор?

koj-e-najgrizhliviot-horoskopski-znak-ima-otvoreno-srce-i-zashtitnichki-stav-kon-bliskite-01.jpg

Карактерот на секој човек во голема мера зависи од хороскопскиот знак, точното време на раѓање, распоредот на ѕвездите, но и тоа дали е воден, земјен, огнен или воздушен знак.

Астролозите велат дека сите знаци во зодијакот се помалку или повеќе емотивни, но дека еден е особено грижлив. Тоа е Ракот.

Раковите се познати по тоа што секогаш се грижат за сите. Внимателни се, сочувствуваат со другите, сами се нудат за помош... 

Кои карактеристики ги прават најгрижливи Раковите?

Луѓето родени во знакот на Рак ќе бидат секогаш тука за вас.

Но, откако ќе почнат безрезервно да ви веруваат, тогаш ќе сфатите дека не сте запознале поемпатична, погрижлива и поемотивна личност од нив.

Раковите секоја информација ја земаат при срце, секој лош коментар ќе ги погоди, а секоја пофалба ќе ги расположи.

Имаат отворено срце, па затоа и самите ќе ви понудат помош, дури и кога не барате ништо од нив.

Но токму поради оваа непосредност и грижливост, тие често се повредени.

Раковите веруваат дека сите околу нив се подеднакво љубезни, отворени и искрени, па затоа се разочаруваат кога некој ќе ја искористи нивната добрина.

Раковите се чувствителни и емоциите им се често поважни од логиката.

koj-e-najgrizhliviot-horoskopski-znak-ima-otvoreno-srce-i-zashtitnichki-stav-kon-bliskite-02_copy.jpg

Тие најчесто и ги проценуваат другите врз основа на своите чувства, па знаат да се излажат во процените.

Иако се отворени, Раковите сепак тешко пуштаат нови луѓе во својот најблизок круг. Ако веќе неколкупати претходно се изгореле во однос на некој близок, сега ќе им треба подолго време да почнат да ви веруваат.

Тие мора да се уверат во вашите искрени намери. Но, кога ќе ја стекнете нивната доверба и наклонетост, ќе бидат спремни да се жртвуваат за вас.

За Раковите семејството е на прво место, па ќе се обидат да ги заштитат од сите негативни луѓе и случувања.

Ако еднаш ги повредите, тие засекогаш ќе бидат внимателни со вас и никогаш веќе нема да ве гледаат со истите очи како порано.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
Во кои месеци се родени луѓето што се лидери во животот? (рангирани од најдобриот) 2-ро место: Родени во јули - Ги читате луѓето како евтин роман. Вие ги носи...
4 месеци во кои се родени луѓето кои денес треба да останат во пижами цел ден Родени во април: Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, тел...

Најчитани неделава