Во каква ситуација (и како) лаже секој од хороскопските знаци?

Јарецот ќе ве гледа во очи и ќе ве излаже ако верува дека на тој начин ќе ви направи добро, Девицата лагата ќе ја „спакува“ во добар совет, а Близнаците лажат за да покријат дека некаде избрзале. Во кои ситуации можете да очекувате хороскопските знаци да ве излажат?

vo-kakva-situacija-i-kako-lazhe-sekoj-od-horoskopskite-znaci-01.jpg

Лажењето не е добро. Тоа го учиме уште од најмали нозе.

Чувството не е добро ниту за тој што е излажан, ниту пак за оној што лажел, но има ситуации во кои ни е полесно да се послужиме со измислица, отколку да ја кажеме вистината.

Според астролозите, секој од хороскопските знаци има по една ситуација што може да го наведе да избегне да ја каже вистината.

Погледнете во какви ситуации и околности секој од хороскопските знаци лаже:

Овен

Овните се искрени и директни и важат за најлоши лажговци во Зодијакот.

Тие најчесто го кажуваат тоа што го мислат, а вистината, според нив, се заснова на нивните лични убедувања и искуства.

Кога Овенот верува во нешто, тешко можете да го разубедите дека се лаже, а одлични се во тоа да ги селектираат информациите на тоа што ним им е важно, или не им е важно.

Овенот најчесто лаже затоа што ненамерно заборавил да сподели некои важни детали, коишто нему во моментот не му изгледале важни.

Бик   

Биковите се познати по тоа што им треба многу време за да изградат доверба и да се зближат со луѓето, а ретко лажат, но се случува да ја премолчат вистината.

Во ситуации кога не сакаат да се мешаат, затоа што сметаат дека на тој начин може да ја нарушат довербата што луѓето ја стекнале во нив, Биковите најчесто ќе ја свртат главата на другата страна и ќе се прават дека ништо не виделе.

Ако Бикот го видел вашиот партнер како флертува со некој друг, нема да каже ништо, а тоа само по себе е лага со премолчување.

Со други зборови, Бикот не лаже, но понекогаш знае да се воздржи од тоа да ја каже вистината, и тоа во ситуациите кога не сака јавно да го изнесе своето мислење затоа што се плаши дека ќе биде осуден.

Близнаци

Близнаците се познати по тоа што лесно се приспособуваат на секоја средина и ситуација во нивните животи, а темпераментот и брзоплетоста понекогаш може да ги доведат во непријатни ситуации.

Така Близнаците најчесто може да почнат да се служат со лаги во оној миг кога ќе сфатат дека избрзале и предвреме кажале работи што не требало да ги кажат.

Со оглед на тоа што станува збор за мошне интелигентни луѓе, тие веднаш ќе се послужат со лага за да прикријат дека избрзале и направиле грешка.

Ако Близнаците ги знаат вашите тајни и избрзаат па кажат дека некому ги довериле, а потоа ви речат дека не му кажале ништо, дека погрешно сте ги слушнале, бидете сигурни дека немате проблем со слухот.

Рак

Владетел на Ракот е Месечината, која ги симболизира емоциите. Важат за луѓе што премногу водат сметка за туѓите емоции, и, слично како Овните, речиси никогаш не лажат.

Сепак, нивната грижа за другите, може да ги доведе во ситуација понекогаш да премолчат или да не ви кажат нешто што го дознале само затоа што сметаат дека така ќе ги заштитат и дека лагата е подобра опција од болната вистина.

Потоа, ако ги разоткриете, Раковите директно ќе ви одговорат: „Не ти кажав затоа што сметав дека не си подготвен/а да ја слушнеш вистината“...

Лав

Лавовите се познати по тоа дека сакаат да бидат во центарот на вниманието, но кога ќе се соочат со некои прашања на кои не сакаат да дадат одговор, тие ќе направат сѐ за да го тргнат фокусот од себеси.

Ќе се послужат со сопственото знаење и харизма за да ја сменат темата и да го пренасочат вниманието на нешто друго.

Така ако ги прашате нешто што не им се допаѓа или не им е пријатно, тие нема да ви одговорат туку веднаш ќе почнат да ви делат комплименти колку добро изгледате, колку ви е убава облеката и сл.

Сепак, имајте предвид дека лажат за да ги избегнат тешките одговори, а можно е воопшто да не им се допаѓа вашата облека во моментот.

Девица

Секогаш мислат на туѓите чувства, однапред ги планираат сите сценарија и по секоја цена се обидуваат да избегнат конфликт, а најчесто кажуваат лаги кога сакаат да спречат некоја непријатна ситуација.

Кога лажат, тоа го прават така што лагата наликува на најдобронамерен совет и притоа водат сметка и за најситните детали.

Ако Девицата ѝ каже на пријателката: „Те молам немој да одиш на таа забава, слушнав дека ќе биде катастрофа“, најчесто зад таа реченица се крие помислата дека веројатно таму е личноста што не ѝ се допаѓа на пријателката и само сака да ја поштеди од непотребни конфликти.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg