Како секој хороскопски знак ја искажува љубомората во врската?

kako-sekoj-horoskopski-znak-ja-iskazhuva-ljubomorata-vo-vrskata-02.jpg 

Вага

Вагите важат за луѓе што сакаат да флертуваат и да ги шармираат луѓето околу себе. Иако честопати знаат само да одглумат дека се љубоморни за да направат партнерот да се чувствува посебно, вистината е дека не се целосно имуни на овие чувства.

Нивниот партнер треба да знае да го толерира нивниот карактер, но вистината е дека не можат да поднесат да гледаат како тој флертува или шармира други личности (освен ако претходно немале некој договор).

Интересно е тоа што, кога ќе сфатат дека се љубоморни, тие гневот нема да го истураат врз партнерот, туку ќе почнат да работат напорно на тоа да станат најдобрата верзија од себеси, за партнерот да не може ниту да помисли да погледне во некој друг.

Скорпија

Скорпиите живеат во постојан страв дека партнерот може да ги изневери. Тие се мошне емотивни луѓе, кои се плашат дека ќе бидат повредени, па затоа постојано се сомневаат и склони се кон тоа да бараат информации што може да им ги потврдат сомнежите.

Од нив можете да очекувате бесрамно да ви ѕиркаат во телефонот, да ви се јават и лажно да ви се претстават за да ве тестираат или да ви ги проверуваат профилите на социјалните мрежи.

Ако се почувствуваат несигурно, Скорпиите реагираат агресивно, но и параноично.

Стануваат посесивни и целосно ќе почнат да го контролираат секој аспект од животот на партнерот, со изговор дека тоа го прават за да го заштитат.

Кога Скорпијата ќе почне да не ви остава простор да земете здив и да ви поставува милион прашања за тоа како сте го поминале денот, тоа е сигурен знак дека кај нив љубомората ескалирала и се чувствуваат загрозени.

Стрелец

За слободоумните и авантуристички настроени Стрелци љубомората е негативен продукт од рестрикциите што се наметнати од моногамијата и капитализмот. Многу ретко стануваат љубоморни, а не им се допаѓа ако некој се обиде кај нив да ги предизвика истите чувства.

Ако, некогаш случајно, почувствуваат љубомора или завист, прво ќе негираат, затоа што им е потребно време самите да сфатат какво е тоа чувство со кое се соочуваат.

Во прв момент стануваат поемотивни од вообичаено, но со текот на времето ќе соберат сила за да (си) покажат дека нема зошто да се грижат.

Личноста, пак, што кај нив предизвикала такви неубави чувства, за брзо време станува минато и целосно ја забораваат.

Јарец

Јарците се чувствуваат супериорно над сите други луѓе и сметаат дека љубомората е чувство наменето за „обичните смртници“, за кое тие немаат време и чувството на несигурност речиси секогаш го прикриваат со индиферентност.

Прашањето што тука се поставува е: „Како може човекот што за себеси верува дека е најдобар да стане љубоморен?“

Одговорот на ова прашање е многу едноставен: Јарците им завидуваат на луѓето што имаат повеќе пари, моќ, статус или се подобро облечени од нив.

Кога Јарецот е љубоморен, тој ќе направи сѐ за да го привлече вниманието на партнерот, а некогаш ќе треба да вложите натчовечки напори за да им покажете дека сте им целосно лојални.

Водолија

Како и за сѐ друго во животот, така и со љубомората, Водолиите имаат точна стратегија за справување. Според нив, најдобро е тие чувства да се минимализираат сѐ до оној миг кога ќе бидат целосно занемарени.

Кога се чувствуваат несигурно, Водолиите ќе преземат голем број обврски и ќе работат неуморно за да заборават што е она што ги измачува.

Почнуваат да се оддалечуваат од партнерот и стануваат лесно раздразливи, а ако ви се чини дека се потивки од вообичаено, тоа е затоа што во својата глава веќе ги анализираат следните чекори што треба да ги преземат во врската.

Риби

За Рибите љубовта има големо значење во животот. Ако некогаш се љубоморни затоа што го виделе партнерот со некој друг, наместо да му се истурат, тие ќе почнат да се обвинуваат самите себеси затоа што дозволиле тоа да им се случи.

Понекогаш, нивното однесување може да го излудува партнерот, затоа што иако се свесни дека проблемот можеби е во нив, не прават ништо за да се променат и затоа што честопати знаат да глумат жртва во ситуацијата.

Иако ќе бидат повредени, на крајот, најчесто Рибите лесно знаат да се помират со ситуацијата и да речат дека „тој што ги оставил, најверојатно не бил за нив“.

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за јули 2023: Бикoви – ќе се впуштите во страстна авантура, Скорпии – не правете љу... Лав - Ако сте слободни, во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg