Како секој хороскопски знак ја искажува љубомората во врската?

Скорпија - Од нив можете да очекувате бесрамно да ви ѕиркаат во телефонот, да ви се јават и лажно да ви се претстават за да ве тестираат или да ви ги проверуваат профилите на социјалните мрежи.

kako-sekoj-horoskopski-znak-ja-iskazhuva-ljubomorata-vo-vrskata-01.jpg

Кој ќе глуми дека е целосно индиферентен, кој станува злобен и почнува да споделува невкусни коментари за личноста на која е љубоморен, а кој размислува за одмазда?

Како реагираат хороскопските знаци кога се љубоморни во врската и што можете да очекувате од нив?

Овен

Овните се мошне темпераментни и натпреварувачки настроени луѓе, а кај нив се буди зависта и љубомората тогаш кога ќе сфатат дека партнерот е подобар од нив во некоја област. Со оглед на тоа што се доста амбициозни и не можат да поднесат пораз, тие целосно го менуваат однесувањето.

Кога се чувствуваат несигурни затоа што им давате приоритет на други луѓе, наместо ним, љубомората ќе ја покажат така што ќе велат дека не им се допаѓа ништо од тоа што го правите.

Со Овните потребно е да бидете особено внимателни, затоа што во миговите кога се екстремно љубоморни, може да ви покажат дека лесно може да ве заменат со некој што е подобар од вас.

Бик

За Биковите е мошне тешко да се вљубат, а лојалноста им е најважна. Затоа ако одлучат дека сакаат да започнат врска, тоа е затоа што одлучиле дека имаат целосна доверба во вас.

Но, во моментите кога се љубоморни, стануваат екстремно неподносливи и залепени за партнерот.

Ако сфатат дека партнерот има некој друг кому му се доверува, без разлика дали станува збор само за блиско пријателство, Бикот тоа го сфаќа како обид на партнерот да го направи љубоморен и постојано ќе почне да го испрашува каде бил и што правел.

Во оној миг кога ќе сметаат дека партнерот претерал, Биковите се подготвени да го напуштат, без око да им трепне, и да си ја побараат среќата на друго место.

Близнаци

Ако ги прашате дали се љубоморни, Близнаците ќе ви се насмеат во лице, затоа што таквите ниски емоции се навредливи за нивниот интелект.

Но, иако добро знаат да ги контролираат емоциите, и тие, како и другите луѓе, не се имуни на љубомората, па во такви ситуации најчесто ќе почнат да му се одмаздуваат на партнерот, така што ќе го копираат неговото однесување во врската.

Ако партнерот има пријатели од спротивниот пол и тие веднаш ќе најдат некој од спротивниот пол со кого ќе го поминуваат времето. Ако партнерот почне да оди на забави, истото ќе го направат и Близнаците.

Доколку се обидете да им укажете на нивното однесување, веднаш ќе ви вратат дека и вие го правите истото.

Кога се љубоморни, Близнаците стануваат злобни, а не можат да се воздржат од зајадливи коментари.

Рак

Раковите се свесни за сопствената емотивност и со текот на годините најчесто усовршуваат голем број техники за добро да ги скријат сопствените чувства, а така е и со љубомората и зависта.

Наместо директно да ви кажат што е она што им пречи Раковите може долг период да собираат доказен материјал и во оној миг кога повеќе нема да можат да издржат, ќе ви кажат сѐ: за нивната болка, настаните од пред 5 години кои ги повредиле, солзите што ги пролеале и за сите мигови кога премолчувале.

Типичен знак дека Ракот е љубоморен е тоа што почнува да се оддалечува од партнерот и не сака да го поминува времето со него.

Наместо да му покажат како се чувствуваат, Раковите на партнерот му даваат простор да прави што сака.

Лав

Кога Лавот е љубоморен, тој си поставува две прашања кои одат од крајност во крајност: „Како да направам повеќе да ме сака?“ и „Зарем е можно некој друг да биде подобар од мене?“

Тие никогаш нема да кријат како се чувствуваат во моментот и директно ќе ви кажат каде сте згрешиле и како сте ги повредиле.

Но, бидете внимателни, Лавовите од крајно љубезни и мили личности може да станат мошне безобразни и вулгарни кога се љубоморни, а честопати фантазираат за начини на кои што може да му се одмаздат на партнерот или на личноста што ги повредила.

Девица

Девиците инсистираат да се покажат како смирени личности што секогаш работите ги држат под контрола. Дури и кога се повредени, тие ќе дадат сѐ од себе си за да изгледаат силни, но, кога се љубоморни, таа фасада почнува да се руши.

Иако однадвор можеби сѐ ви изгледа дека е во ред, Девиците страдаат одвнатре.

Љубомората и зависта предизвикуваат кај нив да се покажат сите негативни емоции што ги имаат за себеси: несигурноста, чувството дека не се доволно добри, убави, паметни.

Наместо вообичаените критики со кои сакаат партнерот да го направат подобра личност, тие стануваат тивки и дистанцирани, а почнуваат да се самоанализираат и да ги креираат најлошите сценарија во сопствената глава, така што тешко можете да ги утешите и да ги уверите дека грешат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за јули 2023: Бикoви – ќе се впуштите во страстна авантура, Скорпии – не правете љу... Лав - Ако сте слободни, во јули ќе сакате да шетате, да се забавувате и да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg