Кој ви е најголемиот страв според хороскопот (што ве наведува да се однесувате неразумно)?

koj-vi-e-najgolemiot-strav-spored-horoskopot-shto-ve-naveduva-da-se-odnesuvate-nerazumno-02.jpg

Вага – Страв дека нешто ќе пропуштат

Вагите имаат потреба сѐ да биде избалансирано во нивниот живот, па често се случува да им бидат потребни некои целосно спротивставени работи за да се чувствуваат целосно и исполнето.

Стравот дека нема да имаат доволен број луѓе на кои им веруваат и со кои ќе може да одат секаде каде што сакаат, понекогаш ги наведува да одржуваат контакт и со луѓе што не го повеќе не го заслужуваат нивното внимание.

Скорпија – Страв од напуштање

Мошне се посесивни и заштитнички настроени, а однадвор изгледаат мистериозно и резервирано, но ако ви се доверат и ви дозволат пристап до себе, тоа е доживотно.

Нивен најголем страв е дека луѓето нема да им ја возвратат лојалноста и нема да им бидат посветени во иста мера, па имаат неразумни барања додека се обидуваат да изградат цврсти емотивни конекции со луѓето.

За нив е важно постојано да бидете тука за нив и да ги поддржувате во сѐ (па дури и кога не се во право).

Стрелец – Страв дека ќе бидат заробени

Тие се познати како номади во Зодијакот и не можат да функционираат во „заробеништво“.

Најголем страв им е дека нема да можат да го живеат животот по свои правила и дека некој ќе им наметне ограничувања.

Тој страв ги мотивира неразумно да бегаат од секој проблем, наместо да се потрудат да го решат.

Јарец – Страв дека работите ќе им избегаат од контрола

По природа се луѓе што сакаат да постигнуваат високи резултати, а секогаш имаат претходно утврден план за да стигнат таму каде што планираат во животот.

Заради стравот дека работите ќе им избегаат од контрола, тие честопати внимаваат и на најситните детали, па може да им се случи да не можат да ја видат големата слика пред себеси.

Водолија – Страв од неприфаќање

Познати се како иноватори во Зодијакот кои постојано се жедни за нови знаења.

Свесни се дека се разликуваат во голема мера од другите луѓе, па често им се случува да се сомневаат во сопствените способности и се прашуваат дали се доволно добри за да бидат прифатени од средината.

Риби – Страв да излезат од зоната на комфорот

Рибите се големи емпати што постојано водат сметка за туѓите емоции.

Но, стравуваат од непознатото и од тоа дека нема да најдат некој што може да ги сака онака како што заслужуваат, па заради тоа  може да им се случи да се оградат себеси и да не си дозволат да пробаат нови искуства што им ги нуди животот.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
5 работи што му го кршат срцето на секој хороскопски знак – што најмногу ги боли? Бик - Непосакуван крај – тие ги држат до последно конците, а срцето им се крши к...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава