4 хороскопски знаци кои постојано очекуваат да се случи нешто лошо

Скорпии, неретко мислите дека не заслужувате да бидете среќни, па тешко ви е да се израдувате и во убавите мигови. Научени сте да се фокусирате на негативното, постојано да мислите и на најмалите грешки, наместо да славите за сите успеси.

4-horoskopski-znaci-koi-postojano-ochekuvaat-da-se-sluchi-neshto-losho-01.jpg

Дали сте позитивна личност или постојано очекувате да се случи нешто лошо, дури и кога сè ви оди во план?

Сите имаме лоши денови, но ништо не се споредува со песимизмот на следниве хороскопски знаци:

Бик

Бикови, вие сте личност која постојано размислува и не можете да си го смирите умот.

Поради ова, секогаш сте загрижени дека ќе се случи нешто лошо.

Цинични сте, а дури и кога треба да одите некаде за да се забавувате, вие си го расипувате расположението уште пред да излезете од дома.

Зошто? Затоа што очекувате да се случи нешто лошо.

Се грижите дека нешто нема да оди по план, дека ќе бидете разочарани, дека некој ќе ве „откачи“…

Бидејќи постојано се грижите за следната несреќа што ќе ве снајде, не знаете да уживате во убавите денови. Наместо тоа, со страв размислувате за утре.

Девица

Вие живеете или во минатото, или во иднината. Никогаш не можете да се фокусирате на сегашноста.

Или се грижите за нешто што сте направиле вчера, или се грижите што ќе погрешите утре.

Тешко ви е да уживате во сегашниот миг, дури и ако е навистина убав.

Притоа, повеќето ваши грижи навистина се нереални – се плашите дека утре сите што ги сакате ќе ве остават, дека утре одеднаш ќе изгубите сè…

Иако е во ред да бидете внимателни и да учите од грешките, ова не треба да ви биде опсесија.

Вие толку многу се грижите за она што не се случило (и никогаш нема да се случи), што не можете да ги цените убавите работи околу вас.

4-horoskopski-znaci-koi-postojano-ochekuvaat-da-se-sluchi-neshto-losho-02.jpg

Скорпија

Неретко мислите дека не заслужувате да бидете среќни, па тешко ви е да се израдувате и во убавите мигови.

Научени сте да се фокусирате на негативното, постојано да мислите и на најмалите грешки, наместо да славите за сите успеси.

Дури и кога во животот ви оди навистина добро, вие сте сигурни дека тоа нема да трае и се плашите од страшното утре.

Не заборавајте дека никој не ви брои колку грешки сте направиле во животот.

Ако секогаш го очекувате само најлошото, воопшто не си помагате.

Дозволете си барем денес да уживате без да се грижите што ќе ви донесе утрешниот ден.

Јарец

Вие имате сериозни проблеми со довербата. Речиси невозможно е да им верувате на другите и секогаш се сомневате дека имаат некоја лоша намера, дури и кога ова не е воопшто точно.

Ако некој ве третира со почит, сметате дека тоа е премногу добро за да биде реално и очекувате кога тогаш да ве повреди.

Поради очекувањето да се случи нешто лошо, пробувате да го контролирате секој аспект од вашиот живот, без разлика што знаете дека ова е невозможно.

Сметате дека не можете да се потпрете на никого, па дури и кога навистина минувате низ тежок период, сами се справувате со тоа.

Ова не само што ви создава непотребен стрес, туку ве прави и осамени.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg