Една причина поради која секој хороскопски знак ќе ви го скрши срцето

edna-prichina-poradi-koja-sekoj-horoskopski-znak-kje-vi-go-skrshi-srceto-02.jpg

Вага - Ќе ви го скрши срцето ако ѝ ја ускратите слободата.

Вагата има многу пријатели и постојано е со различни луѓе.

Комуницира со сите од семејството, со колегите од работа, со блиски пријатели и познаници, но и со поранешните партнери.

Ако се обидете да ѝ ја ускратите слободата за да ја задржите покрај себе, ќе си замине без да ви каже збор.

Скорпија - Ќе ви го скрши срцето ако ѝ ги изневерите чувствата.

Скорпиите се отвораат тешко.

Ако конечно ви кажат сè што им лежи на душа, а вие ги изневерите нивните чувства, прво ќе ви вратат затоа што сте ги повредиле, а потоа ќе ве остават без жалење.

Стрелец - Ќе ви го скрши срцето ако не се вложите во врската.

Кога Стрелецот сака, сака со целото срце.

Па, ако почувствува дека таа љубов е еднострана, наместо да се лути и објаснува – ќе си замине.

Стрелците повеќе сакат да се сингл, отколку со некој што не ги сака.

Јарец - Ќе ви го скрши срцето ако не ја прифатите нивната помош.

Јарецот покажува љубов на тој начин што сака да направи сè за партнерот, иако никој не го бара тоа од него.

Ако не ја прифатите нивната помош, ќе се оддалечат од вас преку ноќ.

Водолија - Ќе ви го скрши срцето ако барате повеќе од она што можат да ви го дадат.

Водолиите се независни, дури и кога се во врска.

Ако почувствуваат дека ги „гушите“ и дека барате премногу од нив, полека ќе се оддалечат од вас.

Риби - Ќе ви го скрши срцето ако не им се отворите.

Рибите сметаат дека нивниот партнер со нив треба да ги споделува сите мисли, чувства, емоции.

Колку што ви даваат, толку треба да им вратите назад – во спротивно ќе мислат дека криете нешто од нив и ќе ве остават.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Според месецот на раѓање: Зошто ги криете вистинските чувства (и со што се поврзани)? Родените во септември често ги кријат своите вистински чувства затоа што се плаш...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава