Според месецот на раѓање: Зошто ги криете вистинските чувства (и со што се поврзани)?

Родените во септември често ги кријат своите вистински чувства затоа што се плашат да побараат љубов. Родените во јуни ги кријат своите чувства за да не разочараат некого.

spored-mesecot-na-ragjanje-zoshto-sekoj-si-gi-krie-vistinskite-chuvstva-i-so-shto-se-povrzani-01.jpg

Сите понекогаш знаеме да си ги скриеме вистинските чувства и емоции, поттикнати од разни причини.

Но можеби не сте помислиле дека тоа може да е поврзано астролошки со месецот на раѓање.

Според тоа во кој месец сте родени, има различна причина заради која ги криете чувствата.

Прочитајте во продолжениe (месеците се подредени според редоследот на хороскопските знаци):

Април

Родените во април ги кријат своите емоции заради тоа што се чувствуваат ранливо. Сè околу нивната надворешност е поврзано со тоа да презентира сила, акција и заштитнички став. Ако има нешто што ги повредува или се плашат да не бидат повредени, ќе го скријат тоа зад штит на самодоверба, а само неколку избрани луѓе ќе може да ѕирнат преку штитот. Им треба некој да им каже дека е во ред.

Мај

Родените во мај тврдоглаво ќе се спротивставуваат и расправаат со вас, долго време откако ќе заборават за што воопшто била кавгата. Ќе го кријат фактот дека им е жал и ќе пробуваат да си ја докажат поентата. Или можеби, само можеби, сакаат да сочувствувате со нив и да им го цените трудот. Предадете се и ќе престанат со глумата.

Јуни

Родените во јуни ги кријат своите чувства за да не разочараат некого. Ќе трпат повеќе од што можат да издржат, бидејќи им е тешко да кажат „не“ на кого било. Тоа може да стане проблем ако дојде до прегорување. Сакаат да бидат тука за сите, без притоа да ги покажат вистинските чувства за тоа дали сакаат и можат да направат нешто.

Јули

Родените во јули носат своја приказна, иако однадвор ќе ги видите само како мирни луѓе што одат спонтано низ животот. Тие не се оптоваруваат со ситници, затоа што знаат дека се безначајни во споредба со она што веќе го поминале во животот. Не зборуваат многу за тоа не затоа што немаат што да кажат, туку затоа што не сакаат повторно да ги отвораат и преживуваат истите чувства. Повеќе сакаат луѓето да ги гледаат по тоа колку далеку стигнале, а не по тешките моменти што веќе ги оставиле зад себе.

Август

Родените во август често ги кријат своите вистински чувства затоа што сакаат да бидат прифатени и допадливи. Кога имаш толку широк круг на луѓе околу себе, не секогаш можеш искрено да кажеш кој ти пречи или кој навистина те излудува. Речиси сите се поврзани преку некаква низа познанства, па затоа повеќе избираат да бидат во добри односи со сите, отколку ненамерно да создадат непријател. Но, длабоко во себе копнеат по искрени и вистински врски, во кои нема потреба од глумење љубезност.

Септември

Родените во септември често ги кријат своите вистински чувства затоа што се плашат да побараат љубов. Тие совршено ја совладале уметноста да се снаоѓаат сами, но кога станува збор за тоа да побараат помош, внимание или нежност – едноставно се вкочануваат. Понекогаш дури и самите си го саботираат она што навистина им е потребно, само за да не ја нарушат сликата дека се силни и независни. А зад сето тоа, искрено и едноставно, само посакуваат прегратка.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Годината на раѓање открива што ве очекува до крајот на 2025-та - Дали ќе бидете среќник или малер? Некој ќе доживее големи промени на подобро, друг го очекува финансиски напредок....
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Во која област ќе ве следи најмногу среќа во 2026-та, според месецот на раѓање? Ако сте родени во јануари, годинава конечно ќе имате можност да ги наполните бат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg