Љубовен хороскоп за август 2023: Овни – ќе се жртвувате за саканата личност, Ракови – го наведувате партнерот на неверство

Вага - Ако започнете некоја афера или паралелна врска, треба да бидете особено внимателни, тајните да не излезат на виделина, па да станете предмет за озборување.

ljuboven-horoskop-za-avgust-2023-ovni-afera-so-nekoj-pomlad-rakovi-go-naveduvate-partnerot-na-neverstvo-01.jpg

Нова љубов, афери или разочарувања... Што ве очекува во август на љубовен план? Кому овој месец ѕвездите му се насмевнуваат и може да очекува дека ќе биде на „седмо“ небо, а кој треба да биде особено внимателен?

Љубовен хороскоп за август 2023:

Овен

Ако сте во врска:

Мажите родени во знакот Овен следниот месец може да чувствуваат привлечност кон некоја многу помлада личност од нив, па можно е брзо да започнат афера во која ќе се однесуваат посесивно. Жените Овни, пак се подготвени да жртвуваат сѐ за партнерот, особено ако се во врска со друг Овен, Скорпија или Јарец.

Ако сте слободни:

Можно е да започнете врска со некоја личност која се занимава со професија заради која често патува или пак личност која студира во странство. Ова ќе биде особено поволен период за сите оние што подолго време се во исчекување нешто да им се случи на љубовен план. Можно е да започнат љубовна приказна која ќе се претвори во сериозна врска и да резултира со брак.

Бик

Ако сте во врска:

Прилично сте незаинтересирани за случувањата на љубовен план и не верувате дека на тоа поле нешто може да се поправи. Некои претставници на знакот може да започнат некоја афера со колега или со личност родена во знакот Близнаци или Девица, што потоа ќе им создаде повеќе проблеми.

Ако сте слободни:

Ќе имате можност да запознаете некоја личност што ѝ е позната на јавноста, која ќе ве шармира уште на првата средба. Некои претставници на знакот, пак, ќе се двоумат помеѓу две подеднакво атрактивни личности – од кои едната ќе биде амбициозна и упорна, а другата ќе биде подискретна во освојувањето.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ако во изминатиов период сте имале проблеми во врската, можно е конечно да попуштите за да постигнете компромис и да ги намалите тензиите. Добро би било, сепак, да седнете и искрено да разговарате со партнерот за да знаете дали сте согласни за тоа во кој правец би требало да се движи вашата врска.

Некои претставници на знакот би можеле да започнат друга врска додека сѐ уште не ги имаат расчистено односите со сегашниот партнер и таа одлука нема да им донесе ништо добро.

Ако сте слободни:

Можно е помирување со некоја личност со која одамна сте биле во врска и за која сѐ уште имате силни чувства. Некои претставници на знакот може да започнат врска со некој странец што веројатно ќе го запознаат додека се на патување или на одмор.

Рак

Ако сте во врска:

Тензиите во врската ќе се намалат само ако партнерот прифати да се придржува до правилата што вие им ги наметнувате. Сепак, бидете внимателни, затоа што партнерот најверојатно може да ве доживее како личност што многу тешко може да се задоволи, па да почне да бара „утеха“ во некоја повозрасна личност или пак во некој што е подготвен да преземе иницијатива во љубовниот живот.

Ако сте слободни:

Ја менувате техниката на освојување и тоа ќе ви донесе успеси. Сепак бидете внимателни со негативните емоции што тешко ќе можете да ги скриете. Љубомората и постојаната сомничавост воопшто не изгледаат привлечно.

Лав

Ако сте во врска:

Ќе се соочите со проблеми ако само упорно се обидувате да ги задоволите потребите на партнерот. Некои претставници на знакот брзо ќе се заморат од постојаното докажување на сопствените емоции и убедувањето, па заради тоа и ќе станат нетрпеливи со партнерот.

Ако сте слободни:

Тешко стекнувате доверба во луѓето, а иако голем број луѓе ќе ви се додворуваат, вие постојано се сомневате во нивните намери. Некои претставници на знакот може да влезат во врска со личност што не е идеална за нив, а тоа ќе се види уште на самиот почеток од врската.

Девица

Ако сте во врска:

Девиците што се во брак или во сериозна врска ќе бидат склони кон расправии и конфликти со партнерот за неважни работи. Можна е средба на работното место со некоја личност што ќе ви се додворува и со која ќе започнете афера.

Ако сте слободни:

Имате зголемена потреба за љубов, па можно е да започнете врска со некоја личност што не е слободна. Некои повозрасни претставници на знакот ќе се двоумат дали да се впуштат во некоја нова авантура. Можно е да одлучите да ѝ дадете втора шанса на некоја стара љубов и којашто случајно ќе ја сретнете овој месец.

Уште 6 знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg