Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак?

koj-e-vashiot-nesrekjen-broj-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Нула е број што неретко се поврзува со празнина, а токму затоа вам ви носи несреќа.

Вам ви се потребни емоции, хармонија, рамнотежа и некаква смисла во животот.

А, бројот нула не претставува ништо од ова.

Скорпија

Бројот 14 обично се поврзува со љубопитност и духовитост, но не е доволно интензивен за вас.

Овој број има „слаба“ енергија, која не е во склад со вашиот жесток карактер.

Стрелец

Бројот еден нè асоцира на победник, на некој којшто е амбициозен, внимателен и прв во сè.

Вие сте невнимателна личност и воопшто не ви е важно да бидете први, па токму затоа овој број може да ви донесе несреќа.

Вие сте авантурист кој само сака да ужива, а не постојано да работи на некоја следна цел.

Јарец

Вашиот несреќен број е три.

Ова е број кој се поврзува со мечтаење и сонување, а вие сте потполна спротивност на ова.

Вие сте трудољубиви и амбициозни, па овој број воопшто не ви носи среќа.

Водолија

Слично како Лавовите, и вие целиот живот потајно се плашите од најбаксузниот број – 13.

И, тоа со право.

Ова е број кој има негативно влијание, може да ви донесе нерамнотежа, па најдобро избегнувајте го.

Риби

Вие сте личност која сака да мечтае, но и личност која мрази рутини.

Вашиот несреќен број е 44 бидејќи асоцира на монотоност и рутина.

Има лошо влијание врз вас и врз вашите најдобри карактеристики.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...

Најчитани неделава