Една добра и една лоша карактеристика што ја имате како родител, според хороскопот?

shto-ve-pravi-dobar-a-shto-losh-roditel-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Вие сте личност која е фер, како и личност која ја покажува својата наклонетост, а овие одлики ве прават прекрасен родител.

Единствено би можеле да имате проблем со дисциплината во домот. Неодлучни сте, а лесно „паѓате“ на туѓиот шарм, па може да ви биде тешко да му ја укажете грешката на детето кога ќе ја направи.

Скорпија

Вие сте интуитивни, а како родител, токму ова (ќе) ви помага да дознаете што се случува со вашето дете – дали е среќно, дали е тажно, дали има проблеми…

Проблемот е што поради вашата желба за контрола, ќе пробувате да имате влијание врз секоја аспект од животот на вашето дете.

Не заборавајте дека децата треба да имаат свои животи и самите да носат некои одлуки.

Стрелец

Вие сте забавен родител кој ќе минува многу време со детето, а заедничките авантури ќе бидат доста чести.

Проблемот во односот со вашето дете може да биде тоа што честопати зборуваат без да размислите. Па, неретко кажувате сурови работи кои можат да го повредат.

Јарец

Како родител, вие сте карпа за вашето дете – тоа е свесно дека може да се потпре на вас во секој миг од животот.

Но сепак, ова ве прави и многу сериозна личност, па некогаш можно е да делувате студено.

Не заборавајте дека е во ред да се опуштите и да се смеете со вашите деца и само да уживате во заедничките мигови.

Водолија

Вам воопшто не ви е грижа што мислат другите за вас, а на ист начин ги воспитувате и децата – ги учите да бидат независни, креативни и со отворен ум.

Неретко ги третирате како да ви се пријатели.

И, ова е добро, но не заборавајте дека вие сте родителот во домот и некогаш мора да бидете авторитет, не само пријател.

Риби

Вие сте родител кој ги опсипува своите деца со љубов.

Единствен проблем во вашиот однос може да биде тоа што сте манипулативни.

Истовремено, очекувате од децата самите да сфатат што погрешиле наместо да разговарате со нив.

Не заборавајте дека никој, вклучувајќи ги и вашите деца, не можат да читаат мисли.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...

Најчитани неделава