Една добра и една лоша карактеристика што ја имате како родител, според хороскопот?

Ракови, вие сте грижлива личност и едни од најдобрите родители во Зодијакот. Но, проблемот е што сте премногу заштитнички настроени кон вашите деца и не им дозволувате самите да ги решаваат нивните проблеми.

shto-ve-pravi-dobar-a-shto-losh-roditel-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Секој родител го посакува најдоброто за своите деца, но никој од нас не е совршен и сите правиме грешки, дури и кога се во прашање нашите деца.

Што ве прави добар, а што лош родител, според хороскопскиот знак?

Овен

Како родител, вие без двоумење ќе се залагате за вашето дете и ќе го браните до последно ако знаете дека е во право.

Но, бидејќи понекогаш сте избувливи, можно е честопати да се расправате со детето.

Ова ќе биде најистакнато во неговите тинејџерски години, период кога и самите деца се поизбувливи.

Бик

Бидејќи сте стабилни, трпеливи и силни, вие би биле прекрасен родител.

Но, бидејќи ви е важно туѓото мислење, можно е некогаш да имате превисоки очекувања од вашето дете.

Истовремено, од истата причина можно е и премногу да го разгалувате.

Не заборавајте дека можете да му покажете љубов и без да му ја купите буквално секоја работа што ќе ја побара од вас.

Близнаци

Вие сте личност со изграден морал која цврсто стои на своето мислење, а ова се карактеристики што ве прават мошне добар родител.

Единствен проблем би било вашето променливо расположение.

На децата им е потребна стабилност, па ако сте родител или кога ќе станете, имајте го ова предвид пред да избувнете за ситници.

Рак

За вас, семејството е едно од најважните нешта во животот. Ова, заедно со фактот дека сте грижлива личност, ве прави еден од најдобрите родители во Зодијакот.

Но, она што може да предизвика проблеми во односот со вашето дете е вашата желба да го заштитите.

Не треба да го заштитувате детето од секој проблем во животот и некогаш дозволете му само да бара решенија.

Лав

Вие сте „кул“ родител кој нема да им забранува на своите деца да се забавуваат и да уживаат во животот.

Но, од друга страна, знаете да бидете многу драматични и сакате постојано да сте во центарот на вниманието, а некогаш ова ќе биде причина за тензија во односот со детето.

Девица

Да се биде родител значи да се прават сто работи одеднаш, а вие сте експерт за ова.

Добро сте организирани и не ви пречи кога имате безброј обврски, па вашето дете никогаш нема да биде запоставено.

Сепак, вашата желба за совршенство може да биде преголем товар за него. Ќе мора да му дозволите некогаш и да не успее за да научи некоја лекција.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Како секој хороскопски знак ќе го промени светот (на подобро)? Риби, вие сте им како емоционален водич на другите. Им помагате да ги разберат с...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Како сами се саботирате во животот, според хороскопскиот знак? Овни, вие не можете да признаете кога не сте во право или кога ќе направите греш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg