Љубовен хороскоп за март 2024: Ракови – афера со зафатена личност, Ваги – ќе донесете погрешни одлуки

ljuboven-horoskop-za-mart-2024-rakovi-afera-so-zafatena-lichnost-vagi-kje-donesete-pogreshni-odluki-02.jpg

Вага

Ако сте во врска

Можно е да донесете погрешни одлуки на љубовен план, особено ако сте во врска со личност родена во некој од водените знаци. Бидете внимателни и не избрзувајте со одлуките за прекинување на врската.

Во втората половина од месецот, очекувајте ситуацијата со партнерот да се подобри и да успеете да најдете решение за сите конфликти и недоразбирања.

Ако сте слободни

Во првиот дел од месецот нема да бидете премногу заинтересирани за случувањата на љубовен план, но во вториот дел можно е да запознаете некоја личност од странство што брзо ќе ве заинтересира.

Сепак, бидете свесни дека комуникацијата не ви е силна страна месецов и може да се најдете во ситуација да бидете погрешно разбрани и да си направите конфликти и недоразбирања.

Скорпија

Ако сте во врска

Ова ќе биде напорен период, особено ако не сте искрени, ако сте склони кон афери и паралелни врски и ако не сте сигурни што сакате.

Кај оние што се во брак, можни се чести расправии со партнерот, а ќе мора да научите да ги решавате проблемите постепено.

Ако сте слободни

Може да влезете во врска со личност што ќе ја запознаете преку работа, а во вториот дел од месецот ќе бидете посклони кон флерт и кон минливи авантури.

Ако се најдете во љубовни проблеми и несогласувања, подобро е да бидете трпеливи и да ја почекате втората половина од месецот за да ги решите проблемите.

Стрелец

Ако сте во врска

Потребно е барем да се обидете да ја намалите тензијата во односот со партнерот.

Проблемите најверојатно ќе бидат предизвикани од вашата несигурност, која особено ќе биде изразена, иако нема да сакате да признаете.

Ако сте слободни

Во првиот дел од месецот можно е да бидете склони кон флерт и да влезете во повеќе минливи авантури, со кои ќе имате незаборавни мигови.

Во март ќе имате поизразена желба за излегување и за стекнување нови познанства, но не очекувајте премногу од нив.

Јарец

Ако сте во врска

На почетокот од месецот можно е да имате конфликти во врската предизвикани од секојдневниот живот или од проблемите на партнерот.

Во втората половина од месецот ќе почувствувате поголема стабилност во врската и ќе постигнете договори со партнерот, со тоа решавајќи ги проблемите што долго време сте ги избегнувале.

Ако сте слободни

Можно е да запознаете некоја личност на забава или на излегување, но добро би било да избегнувате личности што се склони кон пороци затоа што ќе имаат негативно влијание врз вас.

Исто така, некои претставници на знакот може да изберат да влезат во врска со некој амбициозен партнер, кој не е слободен.

Водолија

Ако сте во врска

Ако долго време сте во сериозна врска, очекувајте запросување од партнерот, а ако сте во брак, ќе треба да се осврнете на некои промени во односот.

Од вас зависи дали тие промени ќе бидат на подобро или на полошо. Март ви носи силна енергија, но вие ќе треба да го направите изборот како ќе ја манифестирате.

Ако сте слободни

Првата половина на месецот ќе ви донесе засилен флерт и нестабилни односи, но и засилена комуникација на социјалните мрежи.

Новите врски нема да бидат стабилни, затоа што ќе бидете повеќе сконцентрирани на себе и решавањето на проблемите поврзани околу домот.

Риби

Ако сте во врска

Ќе бидете целосно сконцентрирани на проблемите на партнерот и нема да размислувате за ништо друго.

Вториот дел од месецот ќе ви донесе романтични средби и засилување на чувствата кон партнерот.

Некои претставници на знакот може да се впуштат во флерт и афера со личност што не е слободна.

Ако сте слободни

Можно е да започнете врска со некоја личност што живее во странство и што ќе ја запознаете преку интернет.

Исто така можно е да запознаете некоја личност на патувањата, што брзо ќе ве освои и со која ќе решите да започнете сериозна врска.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...

Најчитани неделава