Љубовен хороскоп за март 2024: Ракови – афера со зафатена личност, Ваги – ќе донесете погрешни одлуки

Лав - Ова ќе биде месец на важни одлуки за вас. Можно е да одлучите да започнете семејство и да влезете во брак или, сосема спротивно на тоа, да одлучите дека е време да ставите крај на врската и да започнете ново поглавје во животот.

ljuboven-horoskop-za-mart-2024-rakovi-afera-so-zafatena-lichnost-vagi-kje-donesete-pogreshni-odluki-01_copy.jpg

Што ви носи март на љубовен план? Кој ќе треба да биде внимателен за да не си ги влоши односите со партнерот, а кој ќе ја бара утехата во флертот и во аферите?

Љубовен хороскоп за март 2024:

Овен

Ако сте во врска

Бидете трпеливи ако партнерот веднаш не може да ви одговори на барањата или на прашањата што му ги поставувате.

Можно е да се најдете во недоумица дали да го направите тоа што го сакате или, пак, да ги послушате советите на блиските и на членовите во семејството.

Можно е да почне да ви пречи тоа што блиските ви се мешаат во животот, за на крај да сфатите дека самите сте барале совет.

Ако сте слободни

Ако подолго сте се гледале со некоја личност без обврски, можно е да одлучите да започнете врска.

Исто така, можно е помирување со некоја бивша љубов, со која ќе почнете да размислувате и за посериозни чекори во врската, како родителство или деца.

А, некои претставници на знакот може да влезат во нова врска со некоја личност што ја запознале преку интернет.

Бик

Ако сте во врска

Партнерот многу ќе ви влијае, па може да бара некои работи од вас што нема да ви се допаднат, но вие ќе знаете како да ги свртите работите во ваша полза.

Можни се голем број недоразбирања и несогласувања со партнерот, но кон крајот на месецот ситуацијата ќе се подобри затоа што ќе почнете повеќе да излегувате и да се дружите.

Ако сте слободни

Можете да запознаете некоја личност преку социјалните мрежи за која ќе имате симпатии, но брзо ќе сфатите дека немате ништо заедничко.

Во вториот дел од месецот ќе имате помалку флерт и излегувања и многу е веројатно март да не ви донесе почеток на нова врска, ако веќе подолго време го посакувате тоа.

Близнаци

Ако сте во врска

Ситуацијата во врската може да биде напната, и тоа по заслуга на партнерот. Многу работи ќе ви пречат и лесно ќе влегувате во конфликт.

Ова може да биде и тест на ситуацијата во бракот или врската и ќе треба да се посветите сериозно на барање решение, затоа што ниту еден проблем не се решава лесно.

Ако сте слободни

Ако ви се појави некоја личност или ако влезете во некоја нова врска, треба да знаете дека таа од почетокот е осудена на проблеми.

Единствено нема да имаат мака Близнаците што ќе одлучат да ѝ дадат втора шанса на некоја стара љубов, но ако се најдат во ситуација да треба некого повторно да освојат, ќе треба да бидат потолерантни и потрпеливи.

Рак

Ако сте во врска

Нема да имате некои крупни проблеми во бракот или во врската, но ќе чувствувате дека ве задушуваат секојдневието и проблемите на партнерот.

Немојте да бидете премногу самоуверени затоа што ќе може да си предизвикате непријатни ситуации со партнерот.

Ако сте слободни

Слободните Ракови може да западнат во искушение да започнат афера со некоја личност која е во брак или со некој кој е во многу комплицирана емотивна врска и да се доведат во непријатна ситуација.

Одредени претставници на знакот може да очекуваат да запознаат некоја личност на јавен собир или на настан и од пријателството да се роди љубов.

Лав

Ако сте во врска

Ова ќе биде месец на важни одлуки за вас. Можно е да одлучите да започнете семејство и да влезете во брак или, сосема спротивно на тоа, да одлучите дека е време да ставите крај на врската и да започнете ново поглавје во животот.

Немојте премногу да манипулирате со чувствата на партнерот и бидете целосно искрени ако сакате да ги решите проблемите.

Ако сте слободни

Лавовите кои немаат расчистени сметки со минатото можно е да се најдат во ситуација да треба да одлучат дали би сакале повторно да ѝ дадат шанса на старата љубов.

Многу е веројатно да се најдете во ситуација во која ќе се помирите со некоја личност од минатото.

Девица

Ако сте во врска

Ако сте во брак, заедницата и семејството ќе ви донесат проблеми затоа што може да ви се случи другите да ви се мешаат во вашиот љубовен живот.

Можно е и партнерот да се соочи со проблеми на работното место што негативно ќе се одрази врз вас.

Ако сте слободни

Не постојат големи шанси да влезете во нова и стабилна врска на почетокот на месецот, но во втората половина ве очекува пресвртница.

Некои претставници на знакот може да влезат во паралелна или забранета врска, но до крајот на месецот ќе мора да одлучат што е она што е важно и да донесат конкретни и јасни решенија за ситуацијата во којашто се нашле.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
По најдолгиот ден во годината, следува полна Месечина – Како ќе влијае врз хороскопските знаци? Девица – Ако сте сингл, ќе имате можност да ја најдете вистинската личност за ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg