Какви се хороскопските знаци кога ќе станат на „лева нога“ (а какви кога денот им е убав)?

Бик – Ќе ве изненадат со своите бурни реакции и способност за преувеличување, а ако случајно се најдете во нивна близина кога се гневни, може да ве повредат иако подоцна ќе се каат за тоа.

kakvi-se-horoskopskite-znaci-koga-kje-stanat-na-leva-noga-a-kakvi-koga-denot-im-e-ubav-01.jpg

Кога некому денот не му оди како што треба, често знаеме да кажеме дека станал на „лева нога“, а според астролозите секој од хороскопските знаци има свои начини на однесување што може да ни укажат дека треба да бегаме подалеку од нив.

Како се однесуваат хороскопските кога денот им е убав и се позитивно расположени, а како кога ништо не им оди од рака?

Овен

Кога денот им е добар:

Полни се со енергија и ентузијазам и подготвени се да бидат лидери што ќе го предводат својот тим во нови победи.

Зрачат со харизма и ги инспирираат сите околу себе, па имате чувство дека до вас имате хиперактивна личност која не знае да запре и која едноставно мора да ја следите.

Кога станале на лева нога:

Очекувајте дека Овенот ќе избувне и за најмали ситници и бурно ќе реагира и на најмалата провокација.

Стануваат нетрпеливи и постојано се подготвени за кавга.

Ако забележите дека Овенот е намќорест, бегајте што е можно подалеку, за да не завршите како колатерална штета од нивната гневна експлозија.

Бик

Кога денот им е добар:

Кога се позитивно расположени, сакаат да уживаат во тишина и хармонија. Денот им е исполнет со мали задоволства и сакаат да се почестат себеси со некаква храна или со уживање и пијалак во некои удобни и луксузни локали.

Кога станале на лева нога:

Замислете како изгледа бикот во корида кога ќе му го покажат црвеното платно и ја имате вистинската слика за тоа како изгледаат припадниците на овој знак кога денот не им е по мерка.

Ќе ве изненадат со своите бурни реакции и способност за преувеличување, а ако само случајно се најдете во нивна близина кога се гневни, може да ве повредат иако подоцна ќе се каат за тоа.

Близнаци

Кога денот им е добар:

Ќе ве импресионираат со разговори исполнети со интелигентни досетки и факти. Чувствувате дека се мошне паметни и лесно ја менуваат темата на разговор, па оддаваат впечаток на сезнајковци.

Со нив нема никогаш да ви биде здодевно.

Кога станале на лева нога:

Кога денот не им е како што треба, Близнаците се пример за неодлучност. Мислите им се во хаос, па зрачат со негативна енергија.

И најмалиот обид за пристоен разговор може да заврши со гневно истурање на навреди и нељубезни коментари, па затоа бидете подготвени да „фатите магла“ при првата можност што ќе ви се укаже.

Рак

Кога денот им е добар:

Раковите зрачат со позитивни емоции и емпатија за сите.

Чувствувате неверојатна топлина во нивна близина и ви покажуваат што значи покрај себе да имате нежна личност, полна со сочувство и љубов.

Кога станале на лева нога:

Ништо не може да ве спаси од нивното променливо расположение.

Стануваат намќорести и пречувствителни, а ако не внимавате, пред себе ќе имате личност што треба да ја тешите додека без престан и низ солзи ги истура сопствените (негативни) емоции.

Лав

Кога денот им е добар:

Кога се расположени тие знаат како на сите да им го привлечат вниманието, а лесно ќе ве освојат со својата самодоверба и шарм.

Нивната харизма не познава граници и светот е нивната сцена, на која целото внимание е насочено кон нив.

Кога станале на лева нога:

Кога не се расположени, Лавовите се претвораат во мошне темпераментни личности, кои избувнуваат за најмали ситници, а не дозволуваат никој дополнително да им го повреди егото.

Внимавајте да не ги испровоцирате дополнително, затоа што Лавовите нема да сопрат додека не ви ја повредат гордоста и не ве натераат да се чувствувате како да сте безвредни.

Девица

Кога денот им е добар:

Во добрите денови Девиците се синоним за ефикасност и добра организација. Сите обврски ги завршуваат перфектно, без да остават простор за грешка.

Благодарение на нивната добра организација, тие се мошне продуктивни и се инспирација за сите.

Кога станале на лева нога:

Девиците знаат да ви нагласат дека немаат трпение за ниту една ваша маана и недостаток.

Им пречи сè што не е совршено, а од нив можете да очекувате да го критикуваат секој ваш чекор и секоја ваша одлука.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg