Уцена, малверзации со пари - За каков криминал се способни хороскопските знаци?

ucena-malverzacii-so-pari-za-kakov-kriminal-se-sposobni-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага - Ескорт услуги

Вагите обожаваат да се во близина на многу луѓе, а сакаат и да им угодуваат на другите и да ги задоволуваат нивните потреби.

Па уште ако се платени за тоа, не сметаат дека постои никаков проблем во работата што ја избрале.

Скорпија - Подметнување пожар

Скорпиите се фасцинирани од огнот, па многу луѓе родени во овој знак сакат да потпалуваат работи.

Но, некои Скорпии одат и еден чекор подалеку и повремено подметнуваат пожари - криминал поради кој може да завршат во затвор.

Стрелец - Кражба на идентитет

Стрелците се познати по тоа што не им е проблем да ги имитираат оние што ги сакаат, луѓето на кои им завидуваат или луѓето кои им се идоли.

Но, има и Стрелци кои одат во екстреми, па крадат туѓи платежни картички и ги користат за свои потреби. А ова, освен што е кражба, се смета и за кражба на идентитет.

Јарец - Проневера на пари

Криминал својствен за Јарците е проневера на пари, особено ако работат со финансии.

Некогаш ќе „затурат“ сметка, другпат ќе „го снема кешот“, третпат ќе наплатат дупло... Ова ги возбудува и прави да се чувствуваат како да се над законот.

Водолија - Вандализам

Водолиите не сметаат дека вандализираат јавен имот ако со спреј исцртаат графит, ако видат куп плочки на улица (наредени за да се направи патека), па решат да земат 50-тина за да си го доуредат дворот, или ако од шума недозволено сечат дрвја...

Риби - Помош при извршување криминал

Можеби нема директно да го прекршат законот, но ќе му помогнат некому кој направил криминал или ќе пробаат да го заштитат - а со тоа и самите прават криминал.  

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...

Најчитани неделава