Хороскопските знаци и начинот на додворување

Вага

Тој: Пред било каков заводнички потфат, или освојувачки поход тој пред сè ќе се потруди косата да му биде беспрекорно чиста, а гардеробата доволно, макар и спортски, елегантна. Тој нема да се чувствува доволно добро за да ја заведе, ако не е задоволен со сопствениот одраз во огледалото. Крај него секогаш ќе се чувствувате како вистинска дама, а тој џентлменски ќе ви бакне рака, ќе ви го придржи мантилот, ќе ви отвори врата од возило, ќе ви подарува бонбониери и цвеќе и несебично ќе ви дели комплименти.

Таа: Како родена заводничка, задоволна е ако забележи дека уште на првата средба не можете да го тргнете погледот од неа, затоа што Вагата ужива кога околината и се восхитува, иако често пати глуми воздржаност. Поради вродениот шарм, мажите лесно ги освојува, па често пати и е непријатно кога ќе треба да одбие нетрпелив, здодевен, или наметлив додворувач. Не поднесува невоспитани и вулгарни додворувачи, па често пати умее на општо изненадување да возврати со иста мера.


Скорпија

Тој: Заведува со поглед и допир и нема жена која тој не може да освои, само ако сака. Неговата желба е посилна од сите пречки, непремостливи околности и невозможни ситуации, па дури и она што другите би ги попречило, за него ќе биде предизвик. Ниту неговиот изглед како ни неговите години никогаш немаат врска со неговата моќ на заведување и освојување. Скорпијата е вистински магнет за жени: доволно галантен, доволно таинствен и доволно упорен, па ретко која припадничка на спротивниот пол може да му одолее.

Таа: Одбира, заведува, освојува и оди понатаму, штом барем за миг престанете да ги задоволувате нејзините строги, пред сè еротски критериуми. Опасна е и прониклива, страсна и неумолива, жената Скорпија сака мажот кој што ќе го одбере, да биде нејзина сопственост, но проблемот се јавува кога има повеќе такви мажи. Немојте да се залажувате дека тогаш вие ќе ја оставите неа, бидејќи таа не чека да биде оставена.


Стрелец

Тој: Сака ветар во косата, избледен џинс, брзо возење и радио во кола „одвртено до даска“, па уште кога на патот ќе се најде и некоја згодна автостоперка, ете авантура или романса. Без разлика колку години има, мажот Стрелец секогаш е подготвен да ве заведе, а во освојувачки походи најмногу тргнува кога е на одмор, или кога е доволно далеку од дома.

Таа: Младолика е, ведра, елоквентна, влева доверба до таа мера што ќе се чувствувате дека отсекогаш ја познавате. Нејзината потреба од интелектуална полемика ви импонира без разлика на вашето образование. Истовремено, жената Стрелец дрско ве заведува со своите прекрстени сончани нозе кои ги исфрла во преден план, со вас планира патување, а сè уште доволно не ве познава. Вие сето тоа со воодушевување го прифаќате. А кој не би прифатил?


Јарец

Тој: Гори од желба да седи во ваша близина, само да ве гледа и да ужива, затоа што ќе се вцрви при случаен допир на вашата кожа. Не знаејќи како да ви покаже колку сте го маѓепсале, ќе биде неспретен и малку трапав, но неговите вистински заводнички способности ќе дојдат до израз кога ќе почнете било која тема што има врска со образованието. Тогаш вие ќе го гледате него со восхит и почит, потајно размислувајќи како ли се бакнува.

Таа: Вистински оган под мразот, баш затоа што е толку префинета и женствена, мажите во нејзината близина во почетокот ги збунува почитта што ја буди во нив. Жената Јарец, било да носи мини здолниште, или подвезици под романтичниот фустан, умее да ја разбуди фантазијата на секој маж кој има доволно трпение и упорност да ја заведе, освои и да ја победи нејзината срамежливост.


Водолија

Тој: Толку е шармантен и лежерен што при првата средба воопшто немаат чувство дека ве заведува, освојува, или прави нешто слично. Тоа што ви пали цигара, ви дотура пијалак во чашата, замислено молчи не симнувајќи го погледот од вас додека зборувате, ги одбива повиците на мобилниот телефон – сето тоа ви годи, а не сте ни свесни дека сте „уловени“. На крајот, мажот Водолија нема ништо да ви каже, но многу бргу ќе ја видите неговата порака на својот мобилен телефон.

Таа: Важно и е да умеете да ги следите нејзините идеи и начин на размислување. Затоа жената Водолија бира партнер сличен по нивото на образование, ставови и однесување, без разлика на врежаното мислење за нејзината ексцентричност и потребата за слобода. На нејзината суета и годи машката упорност и подготвеност сè да сторите за неа, па затоа никогаш не откажувајте се ако сакате да освоите жена Водолија, а таа за возврат ќе ви биде верна.


Риби

Тој: Не знае као да почне да ви се додворува, па делува по малку неспретно, што уште при првата средба предизвикува симпатии кај спротивниот пол. Ако е оженет, во друштво поради околината која миже да го „отчука“ кај жената, ќе глуми верен сопруг, но штом остане насамо со вас, ќе прејде во директен напад. И тоа секогаш со стил кој подразбира внимание и галантност.

Таа: Ужива во заведувањето уште со самата помисла на мажот кој и се допаѓа, иако ретко (скоро никогаш) нема да му признае. Ќе направи сè за да ве заведе романтична атмосфера, миризливи свеќи, секси долна облека, поглед пред кој мажите ретко можат да останат рамнодушни, а потоа таинствено ќе ви даде до знаење дека можеби сте успеале да ја освоите. И така до недоглед.



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg