Љубовен хороскоп за мај 2024: Стрелци – ќе почне да ве привлекува близок пријател

Јарци, доколку сте во сериозна врска, воздржете се од флертување за да не го нарушите односот со партнерот.

ljuboven-horoskop-za-maj-2024-strelci-kje-pochne-da-ve-privlekuva-blizok-prijatel-01.jpg

Петтиот месец од 2024-та ќе им донесе позитивни промени на поле љубов на повеќето хороскопски знаци.

Сепак, некои ќе се соочат со проблеми, а некои ќе се вплеткаат и со зафатени личности што само ќе им ја отежни ситуацијата.

Што ве очекува овој мај на поле љубов, според хороскопскиот знак?

Овен

Ако сте во врска:

Ако сте во сериозна врска, можно е да почнете да разговарате за брак.

Истовремено, можна е и тензија во односот со партнерот која ќе доминира во првата половина од месецот.

Веќе кон крајот на мај, заедничките планови ќе ве натераат да соработувате, а со тоа да ја подобрите комуникацијата и да ставите крај на конфликтите.

Сосема возможно е партнерот да ви приреди пријатно изненадување кое многу ќе ви се допадне.

Ако сте сингл:

Месецов ќе бидете доста активни на поле љубов и ќе имате можност да запознаете неколку потенцијални партнери, најмногу преку заеднички пријатели.

Доколку почнете да се гледате со некој, во втората половина од месецот веќе ќе размислувате дали можеби сакате и сериозна врска.

Дајте си време да размислите.

Бик

Ако сте во врска:

Ве очекува месец со многу случувања и пресврти.

На почетокот од мај, комуникацијата со партнерот нема да биде најлесна, но сепак ќе морате да разговарате за теми кои и двајцата ги сметате за непријатни.

Доколку сте во брак, можно е да се соочите со финансиски проблеми со партнерот кои ќе ви ги окупираат мислите, па нема да обрнувате многу внимание на емоциите.

Ако сте сингл:

Овој месец ќе биде малку нестабилен, но сепак ќе имате можност да запознаете некои интересни личности.

Но, најдобро не очекувајте нешто сериозно и ако почнете да се гледате со некого, веројатно брзо ќе изгубите интерес.

Можно е да флертувате со личност која ја знаете од работа, а можно е и ново познанство преку социјалните мрежи.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ве очекува хармоничен период, па пробајте максимално да го искористите.

Можни се мали изненадувања од партнерот кои значително ќе го подобрат меѓусебниот однос.

Ако сте во брак, најверојатно ќе има проблеми со комуникацијата поради нетрпеливоста на партнерот.

Но, до крајот на месецот би требало да го подобрите односот.

Ако сте сингл:

Ве очекува поволен период, но немојте сами да си создавате проблеми со тајни врски и афери со луѓе кои не се сингл.

Ќе ја цените вашата слобода и нема да размислувате за нешто сериозно.

Но, ова не значи дека треба да бегате од секоја можност за флерт и малку забава.

Рак

Ако сте во врска:

Со партнерот мошне лесно ќе ги решавате проблемите со кои ќе се соочите овој месец.

Ќе биде важно да го најдете коренот на овие проблеми – за еден од нив вината може да лежи и во ваш заеднички пријател.

Немојте да ги одложувате излегувањата со партнерот и пробајте да поминувате повеќе време заедно.

Ако сте сингл:

Ќе се вратат емоции кои долго време сте ги потиснувале. Ова ќе биде особено нагласено ако сретнете или ако стапите во контакт со поранешен партнер.

Ќе имате повеќе додворувачи и сите ќе ви се допаѓаат, па може да ви биде тешко да изберете на кој вреди да му дадете шанса.

Лав

Ако сте во врска:

Емотивните изливи и бурните реакции не се својствени за вас, но овој месец ќе се соочите со токму ова.

Љубомората на партнерот може дополнително да ги влоши проблемите, па дајте го најдоброто од себе да останете смирени.

Ако сте во нова врска, нема да ви недостасува страст со партнерот, но потрудете се да поработите и на комуникацијата.

Ако сте сингл:

Нема да ви недостасуваат додворувачи, но вие ќе се фокусирате на само една личност.

Најверојатно ова е некој од вашето работно опкружување кој ќе ви покаже дека ги има истите чувства кон вас.

Не брзајте да влезете во врска и дајте си време за размислување.

Девица

Ако сте со врска:

Месецов нема да се соочите со некои големи промени во односот со партнерот.

Доколку сте во брак, ве очекува хармоничен период кој ќе ви даде можност да се фокусирате на заедничките цели.

Доколку сте во понова врска, можно е да се соочите со љубомора, но пробајте да не создавате голем проблем од ништо.

Ако сте сингл:

Можно е да почне да ве привлекува личност која не е слободна.

Добро размислете дали вреди да ризикувате за таква врска и пробајте да ги согледате недостатоците од целата ситуација.

Ќе ви се укаже можност да исправите некоја грешка од минатото, а со тоа и да ѝ дадете шанса на некоја стара врска.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg