Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак

Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го смени мислењето по никоја цена...

najloshite-karakteristiki-na-sekoja-majka-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Некои мајки сакаат да ги контролираат децата, други им даваат целосна слобода и како воопшто да не се грижат за нив. Едни се строги, други „лабави“.

За тоа каква е некоја жена како мајка, многу зависи и од хороскопскиот знак во кој е родена.

Астролозите откриваат кои се најлошите карактеристики на мајките, според хороскопскиот знак:

Овен

Овните секогаш сакаат да ги почнат нешто ново, но ретко ги завршуваат работите до крај.

Но, ако нешто сакаат многу, не бираат средства за да го добијат тоа.

Овој знак е управуван од Марс, па поради тоа може да е и агресивен.

А Овните се такви и како мајки - одлични лидери, кои може во процесот на воспитување на децата да им ги повредат чувствата (некогаш случајно, но некогаш намерно).

Бик

Биковите се тврдоглави и нема да  им попуштат ни на сопствените деца кога знаат (или сметаат) дека се во право.

Маана им е тоа што често ги ставаат своите желби и потреби пред оние на децата.

Избувливи се, лесно се лутат, па од ситница може да направат голема кавга.

Близнаци

Близнаците се површни и неконзистентни, поради што мајките родени во овој знак, често имаат лош однос со своите деца.

Овие мајки се често нерешителни, па никако не можат да решат што е најдоброто за нивните деца и затоа често прават грешки при воспитувањето.

Размислуваат логички, а не со срцето, па затоа често делува како да се ладни, дури и со своите деца.

Рак

Со Раковите владее Месечината, а тоа значи дека овие личности често имаат променливо расположение.

Мајките Ракови често се служат со емоционални манипулации со своите деца за да го добијат (или постигнат тоа што го сакаат).

Иако си ги сакаат чедата, Раковите понекогаш се во состојба и да им се одмаздат за нешто, зашто сметаат дека на тој начин ќе им одржат лекција.

Лав

Според астрологијата, мајките Лавови се посесивни и егоистични, па тоа го прави животот со нив тежок.

Нивното мислење им е секогаш најважно, а сакаат и да наредуваат.

Поради ова наместо да им влеат почитување на децата, тие им влеваат страв.

Девица

Девиците се пребирливи, никогаш ништо не е доволно добро за нив, па поради тоа се и критички настроени кон своите деца.

На децата им е често многу тешко да ги достигнат високите стандарди кои ги поставува мајката Девица.

Девиците често премногу размислуваат за работите, „мерат и премеруваат“ и на крајот пак се ставаат себеси во центарот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...

Најчитани неделава