Љубовен хороскоп за јануари 2025: Бикови – се враќате на бившите, Стрелци – ќе доживеете филмска љубов

Јарци - Бидете многу внимателни во комуникацијата со саканата личност, бидејќи секој обичен разговор може лесно да прерасне во расправија, а ако не успеете доволно да се контролирате, може да дојде дури и до разделба. Што ги очекува сите 12 знаци во јануари 2025?

ljuboven-horoskop-za-januari-2025-bikovi-se-vrakjate-na-bivshite-strelci-kje-dozhiveete-filmska-ljubov-01.jpg

Каков љубовен живот ви прогнозираат ѕвездите за првиот месец од 2025? 

Дефинитивно ќе има турбуленции и кај оние кои се во врска, но и кај слободните - некои ќе ја пронајдат љубовта, некои ќе се впуштат во афери, а некои ќе стават засекогаш крај. 

Прочитајте си го љубовниот хороскоп за јануари 2025:

Овен

Ако сте во врска:

Потрудете се месецов да не влегувате во многу конфликти со партнерот, бидејќи ќе бидат прилично непромислени и непријатни. Во текот на јануари може да дојде до откривање на некои тајни, па потрудете се подобро да ги криете. Ќе си давате постојано шанси да се приспособите подобро еден на друг и веројатно ќе успеете да го постигнете тоа за да уживате во љубовта.

Ако сте слободни:

Ќе имате многу шанси да се препуштите на добра забава, но важно е да внимавате на непосакувани последици и да бидете внимателни со изборите. Не се плашете дека ќе бидете одбиени, препуштете се на уживање, со разум. Може да направите познанство кое од вас ќе го извади најдоброто, но и ќе размислувате постојано како да ја фасцинирате другата личност.

Бик

Ако сте во врска:

Ако сте во стабилна врска може да размислувате за крунисување на љубовта или проширување на семејството во текот на овој месец. Сепак, тоа не значи дека ве очекува мед и млеко, туку бидете подготвени и на неколку љубовни предизвици и искушенија кои ќе треба да ги пребродите. Бидете мудри и не се откажувајте лесно, ќе излезете уште посилни од целата ситуација.

Ако сте слободни:

Слободните Бикови ќе размислуваат за обновување на контакти и врски со некоја поранешна љубов. Веројатно тоа ќе биде личност со која претходно бурно сте завршиле, но ќе сакате да дадете шанса и верувате дека луѓето се менуваат. Доколку во меѓувреме се појави и друга личност, бидете поенергични и покажете ентузијазам ако сакате да излезе нешто повеќе од тоа.

Близнаци

Ако сте во врска:

Јануари ќе биде прилично активен месец за вашиот љубовен живот. Но, вистината е дека ќе се најдете во емоционална крстосница и може да ви биде многу тешко да донесете некои големи и значајни одлуки. Ќе ве изненадат неочекувани страсти кои одеднаш ќе се разбудат, како и возбудата повторно да го освоите партнерот или тој вас. Внимавајте, може да се појави и трета личност.

Ако сте слободни:

Слободните припадници на знакот зрачат со харизма и привлечност, но и обвиени се со таинственост. Може да ве освои некоја личност која е прилично самоуверена и одлучна, а упорно ќе се обидува да ви се доближи. Дајте шанса, иако можеби во меѓувреме ќе се појави уште некоја личност што ќе ви го „раздрма“ секојдневието и способноста за одлучување.

Рак

Ако сте во врска:

Првиот месец од годината за Раковите може да биде предизвикувачки на љубовно поле. Ќе се впуштате во конфликти, ќе се расправат за теми како пари или деца доколку ги имате. Премолчувањето понекогаш злато вреди, а вие доцна ќе сфаќате и ќе се каете за зборовите што си ги кажувате. Не ги одложувајте проблемите, седнете и решете ги од корен.

Ако сте слободни:

Слободните Ракови може да очекуваат некои интересни комбинации, па дури и флерт на работното место или на некој деловен настан. Месецот е идеален за љубов и страсти. Конечно ќе добиете јасна визија за тоа што сакате понатаму од љубовниот живот и полесно ќе носите одлуки. Имајте на ум дека не секогаш секој е спремен да ги направи вашите компромиси.

Лав

Ако сте во врска:

Време е малку да се поставите посериозно кон љубовниот живот, во спротивно месецот може да ви донесе сериозна бура. Финансиските проблеми може да бидат честа тема на разговор со партнерот, внимавајте да не се обвинувате еден на друг. За среќа, конфликтите ќе завршат до крајот на месецот и ќе дојде до помирување кое ќе влијае позитивно на понатамошниот тек на љубовните односи.

Ако сте слободни:

Слободните припадници на знакот ги очекува познанство со интересна личност во која најверојатно брзо и несвесно ќе се заљубат. Сепак, немојте да избрзувате со некои одлуки и постапки и оставете работите природно да се одвиваат. Некој од минатото може да копнее по вас и да се обидува да се смирите, бидете подготвени на секакви ситуации и расчистете со себе што сакате.

Девица

Ако сте во врска:

За Девиците, јануари ќе биде месец на љубов, романтика, емоции, крунисување на љубов. Очекувајте некои добри вести кои може да ви го променат животот. Комуникацијата со партнерот се одвива добро, а интензивно ќе размислувате за заеднички планови во наредниот период. Љубомората може благо да ви ги размрда односите, но добро ќе се справите.

Ако сте слободни:

Слободните Девици исто така ги очекува некоја незаборавна романса со нагласени страсти. Можно е на почетокот да ја криете новата љубов само за вас, а дури потоа да одлучите дали е вредна за да ја официјализирате. Средината на месецот е подобар период за посериозни планови, не брзајте со одлуките и постапките.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...

Најчитани неделава