Кој е вашиот елемент во астрологијата и што кажува за вас?

Огнените знаци – Овен, Стрелец и Лав – се храбри, страсни и самоуверени. Притисокот не им пречи, а со својот оптимизам, лесно ги мотивираат другите.

koj-e-vashiot-element-vo-astrologijata-i-shto-kazhuva-za-vas-01.jpg

Секој од хороскопските знаци припаѓа на еден од четирите елементи – оган, земја, вода и воздух.

Поради ова, покрај самиот знак, и елементот може да има влијание врз карактерот на една личност.

Кој е елементот на вашиот хороскопски знак и што открива за вас?

Оган: Овен, Стрелец и Лав

Огнените знаци се храбри и страсни. Познати се по нивната самодоверба, особено во стресни ситуации.

Брзо размислуваат, дури и кога се под притисок.

Истовремено, секогаш се оптимисти и можат да ги мотивираат другите.

Не се плашат да ризикуваат, особено кога станува збор за пари, но некогаш можат да бидат премногу импуслсивни и да донесат погрешна одлука.

Огнените знаци можат да бидат одлични партнери. Врската со нив секогаш е енергична, страсна и исполнета со авантура.

Можеби бараат повеќе внимание од партнерот, но секогаш го возвраќаат.

Не бегаат од конфликти, но ако им стане здодевно во врската, можно е и самите да ги почнат, само колку да ги „раздвижат“ работите.

Земја: Бик, Девица и Јарец

Како што кажува и нивниот елемент, земјените знаци се приземјени.

Прагматични се и секогаш размислуваат трезвено.

Сакаат да се грижат за другите и во односот со саканите, тие се личноста која ги приземјува останатите.

Не брзаат со одлуки и можат да бидат мошне трпеливи кога работат на некоја цел.

Можат да помнат детали кои другите не ги ни забележуваат и со ова покажуваат посветеност на нивните цели, но и луѓето кои им значат.

Некогаш може да бидат материјалисти, но ова е бидејќи се грижат за својата безбедност и стабилност.

Во романтичните врски се реалистични и партнерот може да се потпре на нив. Но, како што тие се грижат за партнерот, очекуваат и тој да го прави истото.

Секогаш внимателно ја слушаат саканата личност и кога се соочени со конфликт, не бегаат, туку смирено бараат решение.

koj-e-vashiot-element-vo-astrologijata-i-shto-kazhuva-za-vas-02_copy.jpg

Воздух: Близнаци, Вага и Водолија

Воздушните знаци се дружељубиви и едни од најинтелигентните во зодијакот.

Неретко мечтаат и размислуваат за својата иднина.

Лесно можат да потпаднат под туѓо влијание, но само затоа што се интересираат за сè што имаат да кажат другите.

Секогаш имаат креативни решенија за проблемите, а можат да им бидат мошне добри учители на нивните сакани.

Бидејќи постојано размислуваат, неретко чувствуваат анксиозност, но знаат дека разговорот со сакана личност може да им биде од помош.

Во романтичните врски, воздушните знаци сакаат предизвик.

Сакаат партнер кој е по малку мистериозен, но и со кој можат да разговараат со часови.

Ја ценат својата слобода, но кога се со вистинската личност, ѝ се посветуваат целосно.

Единствен проблем е што некогаш се многу тврдоглави кога ќе се соочат со конфликт.

Вода: Рак, Скорпија и Риби

Водните знаци се емотивни, интуитивни и со развиена имагинација.

Во допир се со своите емоции и кога се соочени со неправда или се сигурни дека се во право, можат да бидат многу гласни.

Чувствуваат длабоко, но некогаш ова им создава проблеми – не можат да се оттргнат од чувствата и реагираа импулсивно.

Бидејќи ги читаат и емоциите на другите, некогаш ова им е премногу и имаат потреба да се изолираат од светот.

Можат да бидат одлични романтични партнери најмногу поради нивната изразена емпатија.

Никогаш нема емоционално да го запостават својот партнер и сакаат вистински да се поврзат со него.

Важно им е да добиваат внимание од партнерот, но и често потсетување за неговите чувства кон нив.

Кога се соочени со конфликт, сакаат да го решат што е можно побрзо, но некогаш им е тешко да го споделат својот став.

Главно, од партнерот најмногу сакаат разбирање.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една ваша особина што вие ја потценувате, но другите ја сакаат, според хороскопот Бикови, вие имате одлучност која неретко ја потценувате. Но, токму ова е особина...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
4 хороскопски знаци кои (некогаш) делуваат како негативци Јарци, вие имате превисоки очекувања од другите. Па, кога нема да ги исполнат, б...

Најчитани неделава