Денес почнува првиот ретрограден Меркур во 2025 - Како ќе влијае на хороскопските знаци?

denes-pochnuva-prviot-retrograden-merkur-vo-2025-kako-kje-vlijae-na-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага

Ако некое ваше пријателство (или врска) е на стаклени нозе, многу е веројатно дека во следните неколку недели ќе „пукне“.

Некои работи не одеа ни без ретроградниот Меркур, но влијанието на планетите само ќе ги засили негативните аспекти, па не очекувајте ништо позитивно на овој план.

Скорпија

Овој ретрограден Меркур најмалку ќе влијае на Скорпиите - вие скоро и да нема да го почувствувате неговиот негативен ефект.

Сепак, не започнувајте караници и не влегувајте во конфликти, туку пробувајте да ја смирите ситуацијата и да прифатите компромис и кога не сакате.

Стрелец

Во следните три недели ќе бидете понервозни и поизбувливи од вообичаено, што ќе влијае на вашето расположение и на односот со околината.

Кога ќе се најдете во незавидна ситуација, сетете се дека не сте центарот на светот и дека на вашето (не)расположение во голема мера влијае ретроградниот Меркур, па обидете се да се контролирате.

Јарец

Овој ретрограден Меркур кај вас ќе влијае најмногу на семејните односи, па наместо да се браните, свртете ја ситуацијата и прифатете некои совети или критики.

Иако ќе ви биде тешко, пробајте да ги решавате проблемите наместо да ги создавате.

Водолија

Водолиите ќе бидат меѓу најпогодените знаци додека трае влијанието на ретроградниот Меркур во комбинација со ретроградната Венера.

Сè што ќе правите во следниот период проверете го двапати за да не направите фатална грешка која може да ве чини многу, особено финансиски.

Риби

Во следните три недели можете да очекувате реалноста „да ве удри в лице“ и да мора да се соочите со работи кои не сака(в)те да си ги признаете.

Ако се најдете во незавидна ситуација, најважно е да „разговарате“ со самите себе и да бидете сигурни во тоа што ќе го направите-кажете.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Денес почнува ретрограден Меркур - Кај кои знаци ќе донесе проблеми, а како ќе го преживеат останати... Бикови - Во следните 20 дена бидете подготвени за многу изливи на љубомора од ва...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
Денес, 9-ти август, се случува една од најмоќните полни Месечини во годината - Како ќе влијае на сек... Лавови - оваа полна Месечина може да пробуди емоции поврзани со стара љубов. Ваг...
Денес завршува ретрограден Јупитер - За 4 хороскопски знаци почнува период на среќа, пари и животни ... Некои Ракови ќе имаат чувство дека работите конечно си доаѓаат на свое место, а ...
Утре почнува вториот ретрограден Меркур во 2026-та: Како ќе влијае врз секој хороскопски знак? Риби, ако сте во посериозна врска и ви се чини монотона, бидете сигурни дека пер...

Најчитани неделава