Љубовен хороскоп за мај 2025: Лавови – саканата личност ви дава сила да пребродите тешки мигови

Јарци - ви треба личност која ќе ги разбере вашите моментални работни ангажмани и не е премногу посесивна. Не сте сигурни дали вашиот партнер е тоа. Се наоѓате пред голема одлука.

ljuboven-horoskop-za-maj-2025-lavovi-sakanata-lichnost-vi-dava-sila-da-prebrodite-teshki-migovi-01.jpg

Пролетта кај многу знаци носи пеперутки во стомакот и желба за романтика, но кај некои може да доведе до крстосница каде треба да донесат важна одлука - дали да продолжат или не. 

Кои слободни знаци ќе ја пронајдат љубовта, а кои ќе се истражуваат себеси?

Љубовен хороскоп за мај 2025:

Овен

Ако сте во врска:

Во текот на овој месец ќе бидете најмногу фокусирани на партнерството и љубовниот живот, посебно доколку сте во подолга и посериозна врска или брак. Повремено ќе минувате низ различни фази на расположение, но ќе ја покажете потребата од блискост и доверба. Кон крајот на месецот можна е емоционална сигурност, но партнерот ќе ве увери дека може да се најде компромисно решение.

Ако сте слободни:

Месец мај носи подеми и падови на ова поле, но можно е во некој период да се впуштите во тајна врска со зафатена личност. Сепак, дури и да се оствари, ќе трае кратко, бидејќи интересот нема да ве држи, со оглед на тоа што ќе имате повеќе шанси за вистинска романса. Прифаќајте понуди за дружење и флерт, оставајте добар впечаток во нови друштва и имајте на ум дека треба да сте посветени ако сакате нешто да успее.

Бик

Ако сте во врска:

Во текот на месец мај ќе уживате во љубовна хармонија. Се чувствувате прекрасно и исполнето, а зајакнатите емоции ви даваат посебна сила и мотивација. Добро ќе ви влијае ако плановите со партнерот ви се однапред испланирани и ако знаете што ве очекува во наредниот период, за да не дојде до кавги. Сепак, многу работи ќе ги правите со срце, наместо со разум.

Ако сте слободни:

Потребно ви е да си го подобрите љубовниот живот, подготвени сте да тргнете во потрага по нови искуства, што инаку ви е ставено на пауза. Ако долго време сте сами, добро е да се посветите на вашите суштински желби и соништа. Некои од припадниците на знакот може да флертуваат со забранети личности, заради потребата да почувствуваат дека се посакувани. Можни се повеќе средби со потенцијални партнери и нови познанства.

Близнаци

Ако сте во врска:

Во текот на месецот, многу почесто ќе почувствувате романтична нота во вашето расположение и ќе имате зголемена потреба за љубов и внимание. Ќе уживате во убавите работи и ќе си дозволите да ве понесат пеперутките во стомакот. Но, до крајот на месецот може да се случи некој пресврт и преголемата посесивност да доведе до некоја љубоморна сцена. Ќе ја ставите љубовта на партнерот на тест, само да проверите дали сте со исти чувства и гледишта.

Ако сте слободни:

Слободните припадници на знакот ги очекуваат необични љубовни авантури во кои целосно ќе уживаат. Важно е да сте доволно активни и да одговарате на интересни покани за дружба. Препуштете се на спонтаноста и дозволете си да почувствувате пеперутки во стомакот и убави емоции. Но сепак, бидете внимателни за можни афери со личности кои се зафатени.

Рак

Ако сте во врска:

Ќе ви значи ако успеете на позитивен начин да разрешите некоја ситуација низ која минувате во љубовниот живот. Ќе бидете исправени пред голема одлука која треба да ја донесете, а го засега и партнерот. Можно е да наидете на негодување, но ќе се трудите да најдете идеално решение како компромис. Ќе имате поддршка од блиските, а до крајот на месецот емотивните дилеми ќе се разрешат.

Ако сте слободни:

Можно е да минувате низ некои бурни периоди, а утеха да наоѓате во љубовни средби без обврски. Сакате по секоја цена да избегнете конфликти и недоразбирања, па држите рамна линија во односите и не ги мешате емоциите. Сепак, до крајот на месецот може да се случи непланирана љубовна романса на некое кратко патување или на некој настан каде не сте планирале да дојде до тоа. Бидете отворени за секакви опции.

Лав

Ако сте во врска:

Само во друштво на саканата личност имате сила за борба со предизвиците кои ви ги носи животот. Важно е што имате со кого да ги споделите вашите мисли и емоции. Потребна ви е нежност и внимание кои ги добивате и уште повеќе ќе ги зајакнете односите низ овие турбулентни моменти. Месецот носи и убави работи и ќе сфатите што имате покрај себе.

Ако сте слободни:

Во текот на месец мај ќе имате можност да остварите бројни контакти и да започнете некоја романса за која сте сонувале. Привлекувате внимание кај потенцијални партнери, а тоа ќе ви годи позитивно. Искористете го периодот за дружби, љубовни состаноци, истражување, но не го запоставувајте и друштвото и блиските. Најдете време за старите пријатели, може пријатно да бидете изненадени од исходот.

Девица

Ако сте во врска:

Периодот е многу поволен за да остварите хармоничен љубовен живот каков што посакувате. Може да очекувате многу љубовни моменти со партнерот, но и зголемени страсти. Ќе имате доволно енергија да ги остварите замислените планови, а може и сериозно да се посветите на разубавување и работа на своето тело. Во текот на месецот може да имате и неколку специјални прилики кои ќе ги одбележите на посебен и уникатен начин.

Ако сте слободни:

Нема да ги криете вашите емоции и на личноста која ќе ви се допаѓа, јасно ќе ѝ го покажете тоа. Можен е постојан флерт, кој подолго време нема да го покажувате во јавност иако јасно ќе го покажете пред соодветната личност. Ќе градите однос базиран на искрени емоции. Ќе уживате во новите љубовни предизвици, иако нема да бидете со премногу ограничен видик и нема да кажете и на други можности.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...

Најчитани неделава