Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ѕвезда на вечерта, плачка: Каков тип на невеста ќе бидете на вашата свадба, според месецот во кој сте родени

Ако сте родени во април, ќе бидете невестата која е душата на забавата. Ќе знаете дека вашата свадба е за славење. Текила шотови? Да, ве молам!

dzvezda-na-vecherta-plachka-kakov-tip-na-nevesta-kje-bidete-na-vashata-svadba-spored-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-01.jpg

Секоја невеста е единствена на свој начин и сите ние се разликуваме по тоа како го замислуваме и доживуваме нашиот голем ден.

Интересно е што месецот во кој сте родени може многу да открие за тоа каков тип на невеста ќе бидете.

Дали ќе бидете организаторки, романтичарки, душа на забавата или можеби нешто сосема друго?

Се разбира, овој хороскоп е само за забава и не сфаќајте го пресериозно.

Каков тип на невеста ќе бидете на вашата свадба, според месецот во кој сте родени:

Јануари - Планерката

Ако сте родени во јануари, вие сте невестата што нема да ангажира организатор за свадба – затоа што вие ќе бидете тој организатор.

Ќе бидете невестата што ќе го резервира совршеното место, ќе ги најде сите добавувачи, ќе ги испланира местата за седење, ќе го пронајде совршениот фустан, и сето тоа ќе го стори во рамките на буџетот (и ќе остане психички стабилна) некако.

Луѓето ќе бидат воодушевени, но и малку исплашени од вас.

Февруари - DIY-невестата

Ако сте родени во февруари, вие сте невеста што е целосно посветена на „направи сам“ стилот.

Ќе ја изработите целата свадбена декорација - од аранжманите на масите до букетите.

Вие сте невестата што сака нејзиниот голем ден да биде колку што е можно повеќе нејзин, а знаете дека најдобриот начин да го постигнете тоа е преку DIY.

Март - Емотивната невеста (Плачка)

Ако сте родени во март, ќе бидете невеста што ќе плаче на речиси... сè.

Едноставно нема да можете да ги задржите емоциите околу големиот ден - секое чувство што некогаш сте го почувствувале ќе излезе на површина.

Но, тоа е сосема во ред... Вие едноставно ја обожавате љубовта, а особено вашата љубов!

dzvezda-na-vecherta-plachka-kakov-tip-na-nevesta-kje-bidete-na-vashata-svadba-spored-mesecot-vo-koj-ste-rodeni-02.jpg

Април - Душата на забавата

Ако сте родени во април, ќе бидете невестата која навистина е душата на забавата.

Ќе знаете дека вашата свадба е за славење, и, верувајте, ќе го сфатите тоа многу сериозно.

Текила шотови? Да, ве молам!

Мај - Опуштената невеста

Ако сте родени во мај, вие сте целосна спротивност на „Bridezilla“.

Ќе бидете опуштената невеста. Ќе им дозволите на девериците сами да си ги одберат фустаните (сè додека се во иста боја), ќе ангажирате организатор на свадби и ќе му дадете потполна слобода, а вие ќе пиете мимози додека ви ја прават фризурата и шминката.

Сè ќе биде во ред. Баш така, лесно и без стрес!

Јуни - Безнадежната романтичарка

Ако сте родени во јуни, ќе бидете невестата која сè прави во име на љубовта.

Вашата декорација ќе биде бајковита, полна со романтични детали како бледо розови нијанси, свеќи и тантела.

Сè ќе биде толку слатко и совршено.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Љубовен хороскоп за февруари 2025: Бикови – хармоничен однос со партнерот, Лавови – врска со зафатен... Девици – февруари ќе ви донесе промени во односот со партнерот, но не мора да зн...
Хороскопски знаци кои во пролет 2025 (најверојатно) ќе ја пронајдат својата сродна душа Бикови, бевте трпеливи, внимателни, можеби и по малку скептични кога станува збо...
Кое светско чудо треба да го видите, според вашиот хороскопски знак? Водолии, Статуата на слободата ги симболизира вашите најценети квалитети, како с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg