Ѕвезда на вечерта, плачка: Каков тип на невеста ќе бидете на вашата свадба, според месецот во кој сте родени
Јули - Ѕвездата на денот
Ако сте родени во јули, ќе ја прифатите идејата дека свадбата е ваш ден и нема да дозволите никој да ве засени!
Се работи за вас, и тоа ќе го покажете. Но, не на арогантен начин - луѓето со задоволство ќе ве слават!
Август - Благодарната невеста
Ако сте родени во август, ќе бидете невестата која е бескрајно благодарна што сите дошле да ја прослават љубовта меѓу вас и вашиот партнер.
Ќе бидете возбудени што ги гледате сите гости, ќе се разнежните на здравиците, и ќе бидете искрено трогнати што сите се таму за вас двајца.
Септември - Рустикалната невеста
Ако сте родени во септември, ќе бидете невестата со рустичен стил и свадба на отворено.
Замислете јута, полски цвеќиња, тантела и други природни детали.
Ќе биде романтично и опуштено – исто како вас.
Октомври - Нервозната невеста
Ако сте родени во октомври, ќе бидете невестата преполна со трема на денот на свадбата.
Ќе бидете многу нервозни, но во моментот кога ќе зачекорите по патеката, сите нервози ќе исчезнат – затоа што ќе сфатите дека чекорите кон љубовта на вашиот живот.
Ноември - Класичната невеста
Ако сте родени во ноември, ќе бидете традиционална невеста.
Вашата свадба ќе има безвременски шарм, со нежна палета на бои и минималистички, внимателно избрани детали.
Декември - Најсреќната невеста
Ако сте родени во декември, ќе бидете невестата со најголема радост што вашите пријатели и семејство некогаш ја виделе.
Ќе бидете пресреќни на вашиот голем ден и целосно воодушевени што конечно се венчате со вашата сакана личност.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





