Љубовен хороскоп за јули 2025: Скорпии - ќе имате летна авантура која нема да ја заборавите ниту за години отсега
Риби: Некоја личност прави да сонувате со отворени очи за иднина со неа. Бидете храбри и викнете ја оваа личност на состанок.

Што ви носи летото? Дали луда летна авантура или пак длабока и посветена врска, која може да заврши како нешто повеќе?
Кој ќе биде фокусиран на себеси, кој на флерт, а кој на барање љубов?
Љубовен хороскоп за јули 2025:
Овен
Ако сте слободни:
Во налет на страст, ширум отворете ги очите и послушајте го срцето. Ако сакате да создадете силна врска ќе мора да бидете комплетно искрени.
Од средината на месецот ќе почнете вистински да уживате во љубовта. Дотогаш сè ќе биде краткотрајно и безначајно.
Ако сте во врска:
Има новости на љубовно поле кои не ги разбирате најдобро и кои малку ве загрижуваат.
Но, навистина нема потреба постојано да се навраќате на минатото и одново да размислувате за некои ситуации.
Важно е да имате донесено добра поука и да се однесувате во согласност со тоа.
Бидете посветени на партнерот и не размислувајте за поранешните.
Бик
Ако сте слободни:
Некоја нова личност во вас ќе разбуди голем интерес. Ќе бидете добро расположени покрај оваа личност.
Можно е да се одлучите да впловите во авантура со некој кој не е вашиот типичен избор.
Ќе блескате со самодоверба и комплименти ќе ви пристигнуваат од сите страни.
Ако сте во врска:
Понекогаш сте многу упорни во желбата да ги остварите своите љубовни намери и се борите за тоа, дури и кога некој се труди да ве забави.
Задоволството од љубовната врска на вашето лице ќе се гледа оддалеку. Квалитетот на односот ќе ви го подобри животот.
Нема да дозволите да се вмеша трета личност.
Близнаци
Ако сте слободни:
Вашиот темперамент, расположение и самодоверба ве прават атрактивни во очите на другите.
Но, поради погрешни изјави и недоволно јасно изразување може да западнете во некоја конфликтна ситуација.
Внимавајте да не навлезете во забранета зона и да флертувате со личност која е зафатена.
Ако сте во врска:
Нема потреба од ривалство и докажување сила со партнерот. Нема потреба да се докажувате кој има поголема моќ врз заедничкиот живот.
Уживајте во љубовта и не ставајте цртки кој колку и што направил.
Рак
Ако сте слободни:
Ве очекува нова љубовна романса и тоа токму таква за каква одамна сонувате.
Сингл сте подолго време, па не е чудно што ќе имате контакт со повеќе додворувачи кои нема да ве остават рамнодушни.
Сепак, и покрај љубовните искри не ги запоставувајте пријателите и вашиот социјален живот.
Ако сте во врска:
Имате доволно сила за сите животни предизвици затоа што покрај вас се наоѓа личност со која можете да ги споделите своите ставови, мислење и емоции.
Ќе имате засилено чувство на блискост со партнерот и покрај тоа што има шанси периодов тој да биде често отсутен поради деловни патувања.
Лав
Ако сте слободни:
Понекогаш сакате да ги скриете вашите намери на љубовен план и со тоа често ја збунувате околината. Го менувате расположението и на моменти правите чудни постапки.
Сепак, со една личност мора да разговарате искрено и да ги решите заблудите во врска со неа.
Ќе имате повеќе додворувачи, па бирајте мудро.
Ако сте во врска:
Некои лоши потези може да ви ја искомплицираат љубовната врска. Ако сакате авантура исполнета со страст, не правете му го тоа зад грб на партнерот, туку прво ставете крај на врската.
Но, запомнете едно е што сонувате, а друга е реалноста, па затоа бидете свесни дека за оваа авантура има големи шанси да се покаете.
Девица
Ако сте слободни:
Можно е да ги пречекорите границите кои си ги зацртавте. Но, среќата е на ваша страна.
Во нечие присуство ќе се чувствувате инспирирано и за вас оваа личност ќе биде магична.
Ослободете ја фантазијата и слободно мечтајте за заедничка иднина, имате шанси за тоа.
Ако сте во врска:
Внимателно анализирајте го партнерот и вашиот љубовен живот.
Посакувате поголемо внимание и нежност од партнерот, дури сте доведени до степен на очај. Но, размислете дали и колку и вие сте посветени.
Веќе извесен период на прво место ви се работните ангажмани, па можеби коренот за раздорот во врската лежи токму во тоа.