Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање
Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јануари никогаш не наоѓаат време за љубов.

Во животот сите ќе направиме (многу) грешки и она што е важно е да ги научиме лекциите од нив.
Но, кога не сме свесни за некоја грешка, секако дека ќе ја повториме, можеби и многупати.
АКо ви се чини дека никако не ви оди во љубовта, можеби правите некоја грешка за која не сте ни свесни.
Која е најголемата љубовна грешка што ја првите, според месецот на раѓање?
Јануари
Никогаш не наоѓате време за љубов.
Вие сте амбициозна личност која постојано е во движење.
Распоредот секогаш ви е натрупан со крајни рокови, состаноци, волонтирање, излегување со пријатели… Успевате да најдете време за буквално сè, освен за љубов.
Но, ова не е бидејќи сте премногу зафатени, туку страв ви е дека ќе бидете повредени, па љубовта секогаш ја ставате во втор план.
Сепак, на овој начин не се штитите, туку само си ја комплицирате ситуацијата. Се убедувате дека секогаш ќе завршите со кршено срце и не ни ѝ давате шанса на љубовта.
Февруари
Задоволни сте со многу помалку отколку што заслужувате.
Во врските, имате навика да го прифаќате лошото однесување, но и да се задоволувате со многу помалку отколку што заслужувате.
Мислите дека тоа што партнерот не ви го заборавил роденденот или ви бил поддршка во тежок момент е нешто несекојдневно, нешто посебно.
Но, мора да поработите на вашите стандарди. Најмалку што можете да очекувате од партнерот е да биде овде за вас, да ве почитува, да ве сака.
Ова не се работи кои треба да ги ставате на пиедестал и да ги користите за да го оправдате лошото однесување на партнерот.
Март
Самите се потценувате.
Многу често не сте свесни колку многу вложувате во романтичните врски. Или, пак, воопшто не пробувате да ја освоите личноста што ви се допаѓа бидејќи секогаш тргнувате со помисла дека сигурно не е заинтересирана за вас.
Треба да запомните дека вие сте прекрасна личност која може да понуди многу. Треба само да поработите на самодовербата.
Важно е да бидете подобри кон себе, пред да му дадете сè на партнерот.
Април
Премногу брзате.
Кога сте во нова врска, воопшто не си давате време за размислување и брзате.
Не ни пробувате да обрнете внимание на тоа дали меѓу вас навистина има хемија, туку веднаш закажувате заеднички одмори, давате предлози да живеете заедно, па дури размислувате и за брак.
Секогаш им дозволувате на емоциите да ве водат и поради ова неретко сте повредени.
Мора да забавите кога сте во нова врска, да научите нешто повеќе за партнерот, па дури потоа да почнете да размислувате за сериозните одлуки.
Мај
Не сте искрени за вашите потреби и желби.
Вие се плашите дека ќе изгледате како личност која бара премногу ако споделите кои се вашите очекувања и потреби во врската.
Се согласувате на сè, дури и кога не се совпаѓа со вашите желби.
Велите дека сте добро, дека ви годи „врска без обврски“ без разлика што вие сте подготвени за нешто сериозно. Но, со ова само се повредувате.
Мора да бидете искрени за вашите потреби и желби ако сакате да го најдете вистинскиот партнер и да не си го трошите времето.
Јуни
Се фокусирате на потенцијалот, а не на вистинското лице на некоја личност.
Кога сте во врска, никогаш не ја гледате личноста таква каква што е, туку се фокусирате на нејзиниот потенцијал. И, се вљубувате во токму ова.
Почнувате да верувате дека ќе се промени и дека ќе се претвори во личноста којшто вие си ја замислувате.
Во реалноста, никој не може да ги исполнува сите ваши очекувања, а и вие не можете да натерате некој да се претвори во друга личност.
Затоа, почнете да се фокусирате на она што го гледате пред вас.
