Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање

Јули
Верувате дека не заслужувате љубов каква што сакате.
Убедени сте дека воопшто не заслужувате љубов и партнер каков што сакате и поради ова се задоволувате со многу помалку.
Па, секогаш завршувате со партнери кои не се добри за вас, кои не ве почитуваат, кои ве повредуваат…
Мислите дека е подобро да трпите сè, отколку да бидете сингл.
Ова потекнува од вашата ниска самодоверба, па треба да поработите на тоа.
Август
Очекувате страст како на почетокот од врската.
Секако дека страста е важна во врската, но не е единственото важно нешто.
Кога ќе помине одреден период и кога страста меѓу вас и партнерот малку ќе се „излади“, вие мислите дека врската е осудена на пропаст, па веднаш ставате крај.
Мора да сфатите дека иако првичната страст спласнува, потоа следи период кога вистински се запознавате со партнерот и кога вашата љубов се продлабочува.
Страста нема да исчезне, но и двајцата ќе имате многу поважни работи во врската од тоа.
Септември
Премногу критикувате.
Во ред е да имате високи стандарди, но вашиот проблем е што вие имате нереални очекувања. Сакате само совршенство и не прифаќате ништо помалку од ова.
Со ваквиот став, тешко дека ќе најдете партнер бидејќи никој не е совршен.
Ако не сакате целиот живот да бидете сингл, треба да знаете дека сите имаат навики што ќе ве иритираат – и вие имате навики што ги иритираат другите.
Треба да разберете дека никогаш никој нема да биде совршен партнер, ниту вие самите.
Октомври
Не си давате време да бидете сингл.
Откако ќе ставите крај на една врска, вие воопшто не си давате време да преболите или да размислите што се случило, туку веднаш почнувате друга.
Не знаете да бидете независни и се плашите од самотија, па почнувате врска со кого било, само за да не бидете сингл.
Ако „скокате“ од една во друга врска на овој начин, никогаш нема да најдете партнер кој е соодветен.
Секогаш ќе го прифаќате првиот што ќе се појави пред вас.
Ноември
Ги избегнувате сериозните разговори.
Без разлика дали партнерот направил грешка или ви пречи нешто поопшто, вие никогаш не кажувате. Наместо тоа, почнувате да се повлекувате.
Очекувате партнерот да ја протолкува вашата тишина и самиот да сфати дека неговото однесување било неприфатливо.
Но, луѓето не можат да читаат мисли и со ваквото однесување се повредувате себеси, а го повредувате и партнерот. И, со текот на времето, врската станува токсична.
Мора да научите да бидете поотворени со личноста со која планирате да го поминете животот.
Декември
Секогаш барате проблеми.
Кога сте во врска, постојано барате некаков проблем, закана или знак дека нешто ќе се случи.
Проблемот е што кога барате нешто, кога-тогаш и ќе го најдете, дури и самите ќе го создадете само да си ги потврдите вашите сомнежи.
Мора да сфатите дека во секоја врска има проблеми и ниту една не е совршена.
Треба само да најдете начин да ги надминете разликите. А, потрагата по проблеми никогаш нема да ви биде од корист.
Спирова С. | Црнобело
