Љубовен хороскоп за октомври 2025: Скорпии – вие ќе бидете виновни за конфликтите со партнерот

Вага
Ако сте во врска:
И вие и партнерот ќе бидете во добро расположение и главниот фокус ќе ви биде заедничкиот дом.
Нема да дозволите ситните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот однос.
Истовремено, овој месец и двајцата ќе имате повеќе слободно време, што позитивно ќе се одрази на вашата врска.
Ако сте слободни:
Можно е да ви се јави желба да направите драстична промена во љубовниот живот, што значи ќе се променат и вашите планови.
Веројатно ќе се роди желба да ја најдете вашата сродна душа и напорно ќе работите на тоа.
Но, ова не значи дека треба да брзате со одлуки – внимателно размислувате за секоја голема промена на љубовен пан.
Скорпија
Ако сте во врска:
Ќе треба да обрнете повеќе внимание на вашето однесување бидејќи за повеќето конфликти, вие ќе бидете виновникот.
Потрудете се да ги поправите грешките од минатото, а кога партнерот ќе ви посочи критика, не ја гледајте како напад, туку како можност да се подобрите.
Ако успеете да се контролирате, до крајот на месецот на конфликтите ќе им дојде крајот.
Ако сте сингл:
Флертувајте и прифаќајте ги поканите за излегување, но без некои големи очекувања.
Мора да бидете пореалистични и да размислувате трезвено ако не сакате да останете со скршено срце.
До крајот на месецот можно е да сретнете личност која вистински ќе ви се допадне – потрудете се да изградите стабилна врска со неа.
Стрелец
Ако сте во врска:
Некоја постара грешка од ваша страна може дури сега да има влијание врз односот со партнерот.
Саканата личност внимателно ќе го анализира вашето однесување, а ќе очекува и желба да ги решите проблемите.
Мора да бидете искрени еден кон друг и заедно да работите на решавање на проблемите.
Ако сте сингл:
Ќе почне да ве привлекува личност која не ја познавате долго.
Но, ако почнете врска, брзо ќе сфатите дека меѓу вас сепак има премногу разлики.
Затоа немојте веднаш да се ограничувате, добро разгледајте ги вашите опции и до крајот на месецот одлучете кој ќе биде вашиот следен чекор.
Јарец
Ако сте во врска:
Вашите амбиции може да создадат проблем во врската, па да треба да одлучите што ви е поважно – дали партнерот или кариерата.
Не заборавајте дека можете да направите рамнотежа, но само ако обрнете внимание на грижите на партнерот.
Кон крајот на месецот ќе ја вратите страста меѓу вас, па проблемите кои ви се чинеле дека се знак за крај, ќе ги оставите зад вас.
Ако сте слободни:
Ќе треба да донесете особено важна одлука која ќе има големо влијание врз иднината на поле љубов.
Можно е да почнете врска која има потенцијал да се претвори во нешто сериозно.
Ако најдете ваков партнер, пробајте да се покажете во добро светло и немојте да бидете многу себични.
Водолија
Ако сте во врска:
Ќе треба да поработите на внатрешниот мир, пред да почнете да ги решавате проблемите со партнерот.
Немојте да го анализирате само однесувањето на партнерот и свртете го фокусот и кон вашите грешки.
Ако добро си ги преиспитате постапките, до крајот на месецот најверојатно ќе ги решите конфликтите.
Ако сте слободни:
Иако сте желни за нешто сериозно, кратките љубовни авантури ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.
Не очајувајте ако овој месец не го најдете вистинскиот партнер и дозволете си да се забавувате.
И, не заборавајте дека и кратките авантури некогаш можат да прераснат во нешто убаво и сериозно.
Риби
Ако сте во врска:
Ќе бидете поемотивни од вообичаено и повеќе ќе го слушате срцето, отколку разумот.
Токму ова може да биде причина за повеќе конфликти со саканата личност.
Кога ќе разговарате за проблемите, пробајте да бидете реалистични, да размислувате разумно, и брзо ќе го надминете тешкиот период.
Ако сте слободни:
Не ги одбивајте сите понуди за излегување, но бидете и малку внимателни при изборот на партнер.
Ако во текот на месецот влезете во нова врска, земете ги предвид потребите на другата личност.
Ако успеете да најдете заеднички јазик на почетокот, постои можност врската да се претвори и во нешто посериозно.
Спирова С. | Црнобело