Љубовен хороскоп за октомври 2025: Скорпии – вие ќе бидете виновни за конфликтите со партнерот

Бикови, во текот на месецот можно е да се соочите со низа проблеми со партнерот. Ситуацијата ќе биде напната и во втората половина од октомври, но со смирен разговор, ќе избегнете ескалација.

ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2025-01.jpg

За некои знаци, октомври ќе донесе конфликти и ќе ја стави врската на тест, додека за други ќе биде вистинско уживање.

Слободните, пак, ќе треба внимателно да го изберат нивниот следен партнер.

Прочитајте си го љубовниот хороскоп за октомври 2025:

Овен

Ако сте во врска:

Можно е да е најдете на љубовна раскрсница, особено ако имате некакви сомнежи за партнерот.

Ќе минувате низ различни фази на расположение, а емоциите ќе ви бидат мошне изразени.

Постои можност да се соочите со големо искушение, а одлуката што ќе ја донесете во овој период ќе има огромно влијание врз иднината со партнерот.

Па, дајте си време добро да размислите.

Ако сте слободни:

Доколку сте помлади, ќе бидете позаинтересирани за љубовна авантура отколку за емотивна врска во која треба да вложите многу.

Ако сте постари и трагате посериозна љубов, ќе ви треба партнер со слични ставови како вашите, но и со емоционална зрелост.

Ако најдете ваков партнер, кон средината на месецот ситуацијата ќе се промени, па ќе знаете дали сте подготвени за нешто сериозно со него.

Бик

Ако сте во врска:

Во текот на месецот може да се соочите со неколку проблеми.

Односот со партнерот ќе се искомплицира, но ако го контролирате однесувањето и пробате да најдете заеднички јазик, полесно ќе ги надминете проблемите.

Во втората половина од месецот ситуацијата може да биде напната, но со смирен разговор, ќе избегнете ескалација.

Ако сте слободни:

На почетокот од октомври нема да бидете многу расположени за дружби, па не би требало да се соочите со некои поголеми промени на љубовен план.

Кон крајот на месецот ситуацијата ќе се промени и нема да ви недостасува внимание.

Само, внимателно избирајте ако сметате дека сте подготвени за сериозна врска, а не само кратка авантура.

Близнаци

Ако сте во врска:

Голем дел од месецот ќе се соочувате со недоразбирања и проблеми во комуникацијата со саканата личност.

Но, можете да го избегнете ова ако ги контролирате вашите зборови.

Дури и ако сте потполно сигурни дека сте во право, прифатете компромис, пробајте да ја согледате страната на партнерот и до крајот на месецот ќе ставите крај на конфликтите.

Ако сте слободни:

Без разлика дали сакате нешто сериозно или само авантура, овој октомври дозволете си да уживате.

Флертувајте и не ги одбивајте сите покани за состанок.

Сепак, не би требало ни да очекувате да ви се случи некоја филмска љубов и не брзајте веднаш да почнете врска со личност што не ја познавате многу добро.

Рак

Ако сте во врска:

Нема да сакате да се навраќате на стари проблеми и пробајте да ги избегнете емотивните конфликти со партнерот.

Овој месец повеќе фокусирајте се на вашиот внатрешен мир, но покажете и трпение кон саканата личност.

Повремените конфликти се нормални во секоја врска и не треба да ги гледате како знак за нешто навистина лошо.

Ако сте слободни:

Нема да ви недостасуваат додворувачи, но вие ќе бидете заинтересирани само за една личност.

Иако ќе успеете да ја освоите, најдобро не брзајте и почекајте пред да одлучите што ќе правите следно.

Добро би било да не се впуштате во авантури со личности кои се зафатени или за кои блиските ве предупредиле да не им верувате.

Лав

Ако сте во врска:

Ако подолг период се соочувате со проблем во врската, сега решението е на повидок.

Но, сепак ќе се соочите со дилема и нема да бидете сигурни што да правите следно.

Дајте си време за размислување и до крајот на месецот ќе одлучите за следниот чекор.

Ако сте слободни:

Бидете повнимателни со новите познаници и немојте веднаш да се впуштате во авантури.

Доколку сте во потрага по сериозна врска, овој месец веројатно ќе немате многу среќа.

Но, бидете трпеливи бидејќи наскоро среќата ќе ви се насмевне.

Девица

Ако сте во врска:

Можна е нестабилност во односот со партнерот, особено ако минатиот месец сте донеле некоја погрешна одлука.

Сепак, до крајот на октомври ќе размислувате потрезвено и со партнерот ќе се согласите на некаков компромис.

Важно е само да бидете трпеливи за дотогаш ситуацијата да не ескалира.

Ако сте слободни:

Овој октомври дозволете си да уживате и не ги одбивајте поканите за излегување.

Дури и ако сте сигурни дека некоја средба нема да прерасне во нешто сериозно, уживајте додека трае.

Генерално, месецот ќе ви помине добро, а на самиот крај можно е да сретнете и добар потенцијален партнер.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Љубовен хороскоп за јули 2026: Близнаците во врска со јавна личност, Рибите размислуваат за раскинув... Поголем дел од знаците кои се во врска ќе се соочат со тензија во односот со пар...
Љубовен хороскоп за март 2026: Риби – финансиските проблеми ќе се одразат на односот со партнерот Водолии, првата половина од месецот може да биде напната, но подоцна ситуацијата...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...

Најчитани неделава