Афирмацијата што ќе ви помогне да го преживеете ноември, според хороскопскиот знак
Близнаци: „Можам да ја остварам секоја цел што ќе ја замислам“.

Последните два-три месеци од годината обично се постресни.
Од една страна, со радост го чекаме почетокот на новата година, но од друга, се присетуваме на она што (не) сме го направиле во годината што изминува.
Ако ви е предизвик да го „преживеете“ овој ноември, погледнете која афирмација ќе ви помогне:
Овен
„Верувам во мојата моќ да постигнам што и да посакам“
Минатиот месец веројатно сте се соочиле со многу предизвици кои ви покажале дека навистина можете да се справите со сè.
Не заборавајте дека сте преживеале и полошо и дека ја имате моќта да го постигнете она што сакате.
Бик
„Се чувствувам сигурно и безбедно каде и да одам“.
Можеби се чувствувате несигурно, како да губите контрола и овој месец тоа ви е најголемиот проблем.
Но, можете да си ја вратите вербата во себе, не мора да контролирате сè и не заборавајте дека што и да се случи, ќе бидете во ред.
Близнаци
„Можам да ја остварам секоја цел што ќе ја замислам“.
Мора да бидете посигурни во врска со вашите цели. Да преземете контрола и целосно да се фокусирате на она што го сакате.
Кога ќе си ги промените мислите, ќе го промените и исходот.
Рак
„Заслужувам љубов и грижа од другите“.
Овој месец се истакнува вашата несигурност во врска со односот со блиските.
Нормално е да се чувствувате ранливо пред личност која знае сè за вас, но треба да се потсетите дека и покрај вашите недостатоци, вие ги заслужувате љубовта и почитта на блиските.
Лав
„Негативните мисли не ме дефинираат како личност“.
Овој ноември, најголем проблем ви е ниската самодоверба и постојаното сомневање во себе.
Во ред е што сакате да се придвижите напред, но мора да бидете трпеливи и да си покажете љубов и пред да успеете во нешто.
Ќе имате и лоши мисли, но научете да ги игнорирате.
Девица
„Сакам да го живеам животот со полни гради“.
Толку многу сте фокусирани на кариерата и важните животни одлуки, што заборавате да уживате во моментот.
Добро е што сте одговорни и што мислите на вашата иднина, но не заборавајте да ја почувствувате среќата во сегашноста.