Афирмацијата што ќе ви помогне да го преживеете ноември, според хороскопскиот знак

Вага
„Имам дозвола да се ослободам од работите што не ми служат“.
Вие сакате да се држите до познатото, без разлика дали се тоа луѓе, места, сеќавања…
Мислите дека вака ја одржувате рамнотежата во животот.
Но, во ред е да оставите нешто зад вас штом ќе сфатите дека веќе не ви служи или само ви штети.
Скорпија
„Има решение за сите мои проблеми“.
Кога се соочувате со повеќе проблеми одеднаш, нормално е да се почувствувате безнадежно, како за вас да нема излез.
Па, овој ноември потсетете се на сите проблеми што сте ги решиле досега и ќе ви стане јасно дека има решение за сè.
Стрелец
„Предизвиците ми помагаат да созреам“.
Сите имаме периоди во животот кога се соочуваме со многу предизвици и пречки.
Овој ноември веројатно сте во ваква ситуација и во ред е ако ова ве фрустрира.
Но, истовремено, станете свесни дека секоја пречка што ќе ја надминете ве прави позрели и посилни.
Јарец
„Се чувствувам живо“.
По неколку месеци исполнети со проблеми и грижи, овој ноември време е да се посветите на детето во себе.
Во ред е да одморите, да најдете радост во ситници и да посветите време само на себе.
Водолија
„Ја слушам мојата интуиција бидејќи ме носи на правиот пат“.
Како личност која секогаш бара логично објаснување, време е да се потпрете и на вашата интуиција.
Некогаш можеби нема да најдете рационален одговор на прашањата што ве мачат, но затоа, пак, можете да му верувате на вашето срце.
Риби
„Моите придонеси се вредни и важни“.
Овој ноември заборавете на сомнежите во себе и бидете гласни.
Вие сте родени за да се истакнувате и она што го правите и кажувате има голема вредност, па немојте да се криете.
Спирова С. | Црнобело