Љубовен хороскоп за јануари 2026: Близнаци - ќе направите љубоморна сцена, само за да го тестирате партнерот
Девици, вам ви е поважна хармонијата отколку страста и токму на тој начин и ќе бирате нов партнер. Од срце си посакувате нова романса, па тоа и ќе ви се исполни, но можно е да станува збор за врска на далечина.

Првиот месец од 2026-та година носи многу случувања на љубовен план кај голем дел од хороскопските знаци.
Кај кого ќе има љубоморни сцени, кај кого хармонија, а кај кого нова љубов?
Прочитајте си го љубовниот хороскоп за јануари 2026:
Овен
Ако сте во врска:
Ако сте во долга врска или брак, искористете ја првата половина од месецот за воспоставување добри односи со партнерот и решавање на недоразбирањата, бидејќи во спротивно постои опасност од разделување.
Иако повремено минувате низ негативни фази на расположение, јасно ја изразувате потребата за поголема блискост и доверба.
Чувствувате емотивна несигурност и ви недостасуваат волја и одлучност. Ве иритира однесувањето на партнерот и неговиот постојан психолошки притисок, но мора да поразговарате отворено за тоа.
Ако сте слободни:
Што се однесува до љубовта, моменталната ситуација не е баш најдобра, но веќе кон крајот на месецот ќе бидете во подобро расположение и поактивни на емотивен план.
Ако сте сами, излегувајте повеќе и дружете се, бидејќи постои шанса сродната душа да ја запознаете преку пријателски контакти.
Бик
Ако сте во врска:
Ова е поволен период за сите припадници на знакот кои сакаат својата љубовна врска да ја зачуваат далеку од очите на јавноста.
Сепак, внимавајте на своето однесување кон партнерот и не брзајте со донесување важни одлуки.
Најсигурно се чувствувате кога имате контрола над емоциите, но во налет на страста ќе го заборавите разумот и ќе им се препуштите на чувствата. Важно ви е да го унапредите љубовниот и интимниот живот.
Ако сте слободни:
Во претходните месеци бевте под тензии и неодлучни што да правите, но сега сте решени да ја расчистите емотивната дилема. Подготвени сте за акција и желни за промени.
Сè укажува на почеток на возбудлива авантура. Прифатете нова љубовна романса и емотивен предизвик.
Близнаци
Ако сте во врска:
Сè уште сте под влијание на позитивните емоции од претходниот месец, а тој тренд продолжува и сега.
Оние, пак, што имале проблеми во врската или бракот ќе мора да донесат важна одлука. Ако сте ги поправиле односите, не мислете дека сè е решено - продолжете да ја градите хармонијата.
Плус, ќе ги преиспитувате чувствата. Можно е и љубоморна сцена, само за да проверите колку му значите на партнерот.
Ако сте слободни:
Ако немате партнер, не бидете разочарани - ситуацијата ќе се промени кога ќе дојде вистинското време.
Слободните ги очекуваат бројни средби и авантури. Можно е внимание од помлади, постари или поранешни партнери. Период полн со возбуда и убави моменти.
Рак
Ако сте во врска:
Комуникацијата со партнерот ќе биде подобра, но можни се и изненадувачки информации.
Сакате да ја надминете емотивната криза и стоите пред важна одлука. Балансот меѓу разумот и чувствата е тежок.
Со трпение, дилемите можат да се решат. Одредено оддалечување ќе ви помогне да најдете решение. Можни се недоразбирања, но семејството ви е во фокус.
Ако сте слободни:
Се чувствувате изгубено, како да не знаете што сакате. Сепак, новите средби на почетокот од месецот ќе ви донесат оптимизам.
Слободните Ракови ќе најдат утеха во нови контакти. Некоја нова љубовна врска ќе ви биде мевлем на душата. Можни се заеднички патувања и авантури, многу брзо по запознавањето.
Лав
Ако сте во врска:
Ако сте во врска, јасно дефинирајте ги очекувањата. Потребна ви е личност со која можете да ги споделите мислите и чувствата.
Нежноста и вниманието ја зајакнуваат блискоста. Ако има проблеми, можно е расчистување.
Нема да сакате да останете во врска по секоја цена и тоа е во ред.
Ако сте слободни:
Љубовната ситуација не е идеална, но ненадејни средби ќе ви донесат задоволство.
Слободните Лавови имаат шанса за нова романса со личност што ќе ја запознаат преку пријатели и колеги.
Девица
Ако сте во врска:
Во комуникацијата со партнерот често сте контра. Не сте расположени за компромиси, што создава напнатост.
Партнерот ќе покаже трпение, а вие потсетете се дека не е време за решавање стари проблеми.
Покажете мудрост и ќе го надминете овој тежок период.
Ако сте слободни:
Вам ви е поважна хармонијата отколку страста и токму на тој начин и ќе барате нов партнер.
Од срце си посакувате нова романса, па тоа и ќе ви се исполни, но можно е да станува збор за врска на далечина.
