Љубовен хороскоп за јануари 2026: Близнаци - ќе направите љубоморна сцена, само за да го тестирате партнерот

Вага
Ако сте во врска:
Иако сте во врска, вие уживате во внимание и дружење. Но, месецов мора да внимавате со флертот, бидејќи некоја ситуација е можно да ви се удри од глава.
Од друга страна, пак, вие самите имате склоност кон љубомора и тоа може да ви донесе конфликт.
Запомнете: Вие сте одговорни за својата среќа, но мислете малку и на саканата личност.
Ако сте слободни:
Љубовниот живот ќе ви биде конфузен. Можно е интересно познанство, но и проблеми поради разликите меѓу вас.
Ќе се однесувате променливо и ќе претерувате со барањата. Но, ако не сакате врзување - бидете искрени.
Скорпија
Ако сте во врска:
Проблемите со партнерот ќе излезат на површина, но средината на месецот носи подобрување.
Избегнувајте расправии и провокации и со трпение ќе дојде расплет.
Кон крајот на месецот ве очекуваат позитивни промени и исполнети очекувања.
Ако сте сингл:
Можно е ново силно познанство, полно со моќни разговори и споделување и најинтимни тајни, кое спонтано ќе прерасне во љубов.
Не влегувајте со некој во тајна врска, лесно ќе бидете откриени и на крајот вие ќе ја платите највисоката цена.
Стрелец
Ако сте во врска:
Довербата со партнерот во вашата љубовна врска е нарушена како ретко кога. Едноставно не сте сигурни дека можете да се потпрете на него како порано.
Се чувствувате несигурно и збунето и месецов неопходен ви е искрен разговор.
Не се залажувајте себеси дека сте среќни, ако чувствувате дека врската ве гуши. Можеби конечно е време за нова страница.
Ако сте сингл:
Слободните Стрелци може да сретнат личност од минатото или да започнат врска на далечина.
Сепак, запомнете дека малите задоволства може да донесат голема среќа и не мора по секоја цена да притискате со потрагата по партнер.
Разгалете се самите себеси со билети за концерт или пак со авионска карта за некоја посакувана дестинација. Љубовта сама ќе си дојде!
Јарец
Ако сте во врска:
Слободно поместувајте граници кога станува збор за вашата љубовна врска, но не прескокнувајте чекори. Постепено соопштете му ги вашите луди идеи на својот партнер.
На моменти ви станува здодевен и предвидлив, но потсетете се дека од самиот почеток вие бевте лидерот во врската и тој да ве следи ви одговараше. Што се промени сега?
Ако сте сингл:
Слободните Јарци чувствуваат силна потреба за нова врска, но размислете добро пред првиот чекор. Емоциите ви се променливи.
Можно е запознавање со некој посебен, преку работа или патување во странство.
Осаменоста од почетокот на месецот нема долго да трае и затоа уживајте, но не брзајте со чувствата.
Водолија
Ако сте во врска:
Емоциите ве носат од крајност до крајност кога станува збор за вашата љубовна врска.
Страста е нагласена, но не претерувајте.
Сепак, не ги заборавајте другите аспекти од животот, како што е кариерата, и ако врската ве спречува да напредувате, можеби е време за некоја нова опција.
Ако сте сингл:
Слободните Водолии треба да изберат личност што ќе ги разбира.
Ваква личност може да запознаете на некоја средба преку работа.
Расчистете со старите врски и не дозволувајте да му се вратите на некој партнер од минатото. Бидете искрени и поставете граници.
Риби
Ако сте во врска:
Минувате низ различни емотивни фази во љубовната врска. Ви годи романтиката и нежноста и сакате да ги остварите љубовните соништа.
Сепак, кон крајот на месецот можно е врската да ви стане нестабилна, со големи подеми и падови. Иако постојат длабоки чувства, заморот е присутен и во овој период ви следат сериозни преиспитувања.
Ако сте сингл:
Пред вас стојат различни фази кои ќе бидат навистина предизвикувачки. Ќе запознаете личност што ви се допаѓа, но многу брзо работите ќе отидат во крајност што не ви се допаѓа.
Дури кон крајот на месецот ќе сретнете личност со која ќе можете да имате стабилност.
Слободно доверете ѝ се на некоја блиска личност за сите колебања што ве мачат.
С. С. | Црнобело
