Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање?

zoshto-ne-najdovte-ljubov-vo-2025-ta-spored-mesecot-na-ragjanje-02.jpg

Август

Вие сте роден лидер во секој аспект од животот, освен кога се во прашање романтични врски.

Како да заборавате дека за една врска да успее, важно е партнерите да се почитуваат, да прават компромис и да се гледаат како еднакви личности.

Но, вие се фокусирате на она што можете да го контролирате во врската и очекувате сè да биде совршено.

Ова, нормално, ви носи само разочарувања и ви се чини дека немате никаква среќа во љубовта.

Септември

Навистина ви е тешко да се воздржите од критики кон другите.

Ова е најистакнато кога се чувствувате ранливо, како во врска со личност што ја сакате.

Честото критикување потекнува од вашата несигурност, некогаш и од вашиот страв, а ретко кој може да го толерира.

Треба повнимателно да ги избирате вашите зборови, но и да престанете да се плашите дека сите само ќе ве повредат и ќе останете сами.

Октомври

Вие сте дружељубива личност, но не сакате други луѓе да имаат влијание врз вас и вашиот живот.

Не сакате да послушате ни совет од најблиските и сметате дека само вие знаете најдобро за себе.

Донекаде ова можеби е вистина, но ваквото размислување и овој став кон животот прави да изгледате недостижно.

Дури и ако почнете врска, никако не можете да се зближите со оваа личност и по некое време губите интерес и вие и партнерот.

Ноември

Вие си ја сакате својата независност, но заборавате дека ако имате партнер, не значи дека сте ја изгубиле независноста.

Голем дел од 2025-та сте поминале пробувајќи да држете дистанца од потенцијалните партнери и не сте дозволувале да го видат вашето вистинско лице

Мора да научите да бидете поотворени ако сакате да најдете љубов која вистински ќе трае.

Декември

Во ред е да бидете практични и рационални во љубовта, но не и да претерувате.

Вие никогаш не ги слушате вашите емоции и секогаш се водите само по логиката.

Сепак, кога сте во врска, ова нема секогаш да ви биде во прилог.

Наместо да им дозволите на чувствата да ве водат, вие и по најмала караница сте преокупирани со тоа дали сте компатибилни, наместо да разберете дека паровите имаат и конфликти.

Па, никогаш не ни им давате на врските да прераснат во нешто сериозно.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg